На 7 години бил сексуално злоставуван, сам си го одзеде животот - Трагичната судбина на Честер Бенингтон од Linkin Park
На 17-годишна возраст, почнал да живее со својата мајка, која му забранила да излегува од дома откако открила дека користи дрога.
Но, откако станал полнолетен се иселил од дома и продолжил по својот пат со пороци.
На љубовен план бил среќен човек. Се женел двапати.

Првпат се оженил во 1996-та година, со Саманта Мари Олит, со која го добил синот Дрејвен Себастијан.
Се развеле кога популарноста на неговиот бенд почнала да расте.
Иако престанал да користи дрога за време на тој брак, не можел целосно да се ослободи од својата зависност и повремено се враќал на овој порок, како и на алкохолот.

Вторпат стапил во брак во 2006 година, кога се оженил со Плејбој зајачицата Талинда Ан Бентли.
Со неа добил три деца.
Преку песната My Suffering, Честер со јавноста споделил детали за своето страдање и личните животни искуства.
„Мојот живот се распаѓаше на толку многу начини.
Имав проблеми со алкохолот и дрогата, а во исто време поминував низ развод“, открил тој во 2009 година.

Песната, наводно е напишана во 2005 година, за време на неговиот развод од Саманта Олит.
На 20 јуни 2017 година, Честер самиот си го одзеде животот. Безживотното тело на 41-годишниот пејачот го пронашла неговата домаќинка.
Полициски извори веднаш откриле дека се обесил во својот стан во Лос Анџелес.
Еден ден подоцна, лекарот кој ја извршил обдукцијата, потврдил дека станува збор за самоубиство, а до неговото тело било пронајдено полупразно шише алкохол. Лекарот потврдил дека освен алкохол, пејачот не бил под дејство на други супстанции.
А. Ј. | Црнобело