На 7 години бил сексуално злоставуван, сам си го одзеде животот - Трагичната судбина на Честер Бенингтон од Linkin Park
- Детали
- недела, 27 јули 2025
Престанал да користи наркотици за време на првиот брак, но не можел целосно да се ослободи од својата зависност, па повремено повторно им се враќал на дрогата и алкохолот. Поради својата болка, Честер Бенингтон, пејачот на Linkon Park, на 41 година си го одзеде животот.

Честер Бенингтон стекна светска слава со Linkin Park, кога во 2000-та го објавија албумот Hybrid Theory.
Иако многумина го сакаа и почитуваа, тоа како да не му беше доволно, а борбата со своите внатрешни демони реши да ја заврши самиот и да се самоубие.

Честер е роден во 1976 година во Аризона. Мајка му била медицинска сестра, а неговиот татко бил полициски детектив кој решавал случаи на злоупотреба на деца.
На 7-годишна возраст, тој доживеал огромна траума откако бил сексуално злоупотребен од постар пријател.
Се плашел да побара помош бидејќи мислел дека ќе го обвинат дека лаже и дека е геј, па го трпел неговото насилство до 13-годишна возраст.
„Никој во моето семејство не ме злоупотребувал, но тоа го правеа други луѓе од мојата околина.
Пораснав во дисфункционално семејство и во таква ситуација лесно е да си помислиш дека она што ти се случува е нормално“, рекол тој во едно интервју.

Никогаш не го пријавил мажот во полиција бидејќи сфатил дека и неговиот злоупотребувач бил жртва на насилство.
Подоцна, му признал сè на својот татко.
Родителите му се развеле кога Честер имал 11 години, а татко му го добил старателството над синот.
Честер сакал да избега од дома поради сè, а утеха и спас наоѓал во пишувањето песни.

Бил малтретиран и на училиште, а децата го исмевале затоа што бил премногу слаб.
На 13 години почнал да користи дрога, но и алкохол.
„Имав многу поголема самодоверба кога бев под дејство на дрога.
Чувствував дека имам поголема контрола врз мојата околина кога бев под дејство на дрога или алкохол“, признал во една пригода.
