Бившиот сопруг на Кели Кларксон почина од рак на 48: Ѝ зеде милиони, го нарекуваа „најголема машка спонзоруша“
- Детали
- петок, 08 август 2025
По разводот, пејачката требаше да му плати 1.3 милиони долари, плус 45.601 долари месечно за издршка на децата на поранешниот сопруг. Иако бракот и разводот им завршија лошо, од почит кон него, Кели ги одложи концертите во Лас Вегас неколку часа пред да се дознае за неговата смрт.

Брендон Блексток, поранешниот сопруг на пејачката и водителка, Кели Кларксон, почина на 48 години, по борба со рак на кожата.
Тој се борел со болеста 3 години, пренесоа американските медиуми.

Иако бракот и разводот со Кели завршија лошо, пејачката од почит кон поранешниот сопруг, кој е татко на нејзините две деца, само неколку часа пред да се дознае дека починал, ги одложи концертите во Лас Вегас.
Блесток е поранешен менаџер за млади таленти.

Со Кларксон се запознаа во 2012-та година на Super Bowl кога Кели ја пееше химната, а Брендон присуствуваше како менаџер на Блејк Шелтон, кој, исто така, настапувал вечерта.
Кели подоцна велеше дека се вљубила на прв поглед во сопругот, со кого стапи во брак една година подоцна, во 2013-та.

Кларксон поднесе барање за развод во 2020-та, поради „ненадминливи разлики“.
Процесот беше финализиран во 2022-ра, а според договорот, Кели требаше да му плати 1.3 милиони долари, плус 45.601 долари месечно за издршка на децата - ќерката Ривер Роуз и Ремингтон Александар.

По ова, Брендон беше наречен „најголемата машка спонзоруша во Холивуд“.
Во 2023-та година дојде до неочекуван пресврт, кога Кели извојува победа на суд, а на нејзиниот поранешен сопруг му беше наредено да ѝ плати отштета од над 2,6 милиони долари зашто како нејзин агент носел погрешни одлуки за нејзината кариера.

А. Ј. | Црнобело