Нели Фуртадо гордо ги покажа облините на концерт – самоуверено пее и танцува во шорцови (фото)
- Детали
- понеделник, 11 август 2025
За време на настап на музички фестивал, Нели Фуртадо изгледаше одлично во кратки шорцови и чизми. Пејачката, која е мајка на три деца, пред неколку месеци откри дека не планира да прави никакви корекции на лицето и телото и им порача на фановите да се сакаат себеси такви какви што се.

Иако не е активна како во 2000-тите, Нели Фуртадо уште важи за едно од највлијателните имиња во музичката индустрија.
47-годишната пејачка направи долга пауза со цел да се фокусира на семејството, но минатата година издаде нов албум, по што почна да настапува почесто.
А, покрај новите песни, Нели добива комплименти и за изгледот.
Неодамна пејачката настапуваше на музичкиот фестивал Boardmasters каде гордо ги покажа облините.
Нели носеше кратки шорцови и маичка, во комбинација со зелена бунда и чизми.
Пејачката изгледаше одлично додека самоуверено танцуваше и изведуваше некои од нејзините најголеми хитови.
На почетокот од годината Нели сподели емотивна објава во врска со трансформацијата на нејзиното тело.
На фотките што ги сподели на Инстаграм, Нели позира во бикини и им праќа порака на фановите да го сакаат секој дел од нивото тело.
Нели, која е мајка на три деца, сподели дека нема направено никакви корекции и дека си ги сака телото и лицето онакви какви што се.
Претходно, Нели зборуваше и за фактот дека многу магазини ѝ ги фотошопирале фотките во минатото, најчесто со цел да ѝ ја осветлат кожата.
Нели има португалско потекло и вели дека бојата на нејзината кожа, но и формата на нејзиното тело, како да им пречеле на таблоидите.
„Имам кожа со маслинеста боја и секогаш ми ја осветлуваа кожата на фотографиите. Исто така ми ги намалуваа колковите – секогаш ги намалуваа кога ги објавуваа фотографиите.
Додека да го издадам вториот албум, почнав да станувам гневна за ова“, изјави пејачката за магазинот People.
Тогаш таа истакна и дека за разлика од други нејзини колешки, сепак била позаштитена од суровите критики на сметка на изгледот.
„Се чувствував среќно и благословено. Околу мене секогаш имав мошне добар тим кој ми беше како семејство. Мојот тим навистина работеше во мој интерес.
И, мислам и дека сум добро воспитана. Мајка ми беше многу силна жена, исто како и нејзината мајка, и нејзината баба… Генерално, семејство со навистина силни жени, од двете страни.
Па, ова ми помогна да се снајдам во музичката индустрија. Исто така, уште од мала ми даваа навистина добри совети, имав луѓе кои вистински се грижеа за мене. Па, имав среќа“.
Прочитајте и: Нели Фуртадо со искрени фотки како ѝ изгледа телото - ги сокри само „пајаковите вени“ со спреј
Спирова С. | Црнобело