Синот на Шварценегер непрепознатлив – драстично ослабе, тргна по стапките на татко му и брат му (фото)
- Детали
- четврток, 28 август 2025
Од дете мака мачи со килограмите и уште во училиште носел специјални оброци, а од 2020-та почна неговата трансформација - помалиот син на Арнолд Шварценегер, Кристофер, е непрепознатлив на нова фотка од одмор, откако реши да се обиде да има тело како татко му и брат му.

Постариот син на Арнолд Шварценегер, Патрик (31), е глумец исто како него, а постојано привлекува внимание со своето тело, разголените пози, па и филмски сцени во The White Lotus.
Сега, и неговиот помлад брат, Кристофер Шварценегер (27), го привлече вниманието на јавноста за време на неговиот одмор со семејството, во објава со фотки кои ги сподели сестра му Кетрин.
Тој беше фотографиран на брод, облечен во кошула по кратки ракави и шорцеви, па со тоа ја покажа својата трансформација.

Кристофер е драстично ослабен и изгледа речиси непрепознатливо во споредба со буцкастиот изглед по кој многумина го знаеја, иако се држи настрана од јавноста, па дури има и затворен Инстаграм профил на кој не прифаќа никого.

На почетокот на годинава, тој открил дека за 2 месеца успеал да намали дури 13 килограми, со помош на отстранување на одредени намирници од исхраната.

Сепак, целиот процес на трансформација и оформување на телото, траело околу 5 години, откако го започнал во 2020-та, а одлуката ја донел кога во еден момент сфатил дека не може да лета со падобран заради тежината.

„Се радував за тоа што ќе можам да правам во Австралија, а потоа сфатив дека со многу работи сум ограничен заради тежината, што ме спречува во секојдневни активности“ – призна тој во една прилика.

Инаку, тој има проблеми со килограмите уште од детството, а се сеќава дека уште во училиште одел со специјални оброци, но дека многупати слабеењето било неуспешно.

М. М. | Црнобело