Постара е 7 години од Ламин Јамал - Која е новата девојка на фудбалерот?
- Детали
- недела, 31 август 2025
Гласините за врската на пејачката и фудбалерот почнаа да се шират минатиот месец, кога Никол беше меѓу 200-те гости на неговата контроверзна забава со луѓе со џуџест раст и со тема „мафија“, а со која Јамал го прослави својот 18-ти роденден.

Ламин Јамал, 18-годишниот фудбалски бисер на Барселона потврди дека е во врска со аргентинската пејачка Ники Никол.

Парот објави заедничка фотка направена на 25 август - денот кога Ники го прослави својот 25-ти роденден.

Тие позираат покрај роденденска торта, со огромен букет од рози и балони со срциња, додека Ники е потпрена на Ламин, а тој ја прегрнува и едната рака му е ставена на нејзиниот колк.
Гласините за нивната врска почнаа да се шират минатиот месец, кога Никол беше меѓу 200-те гости на неговата контроверзна роденденска забава со луѓе со џуџест раст и со тема „мафија“, а со која фудбалерот го прослави својот 18-ти роденден.

Оттогаш таа се појави и на еден од неговите фудбалски натпревари, во дрес на Барса.
