Контроверзна роденденска забава на Ламин Јамал (18): Нудел до 20.000€ на девојки, ангажирал луѓе со џуџест раст

Клаудија Калво, шпански модел, го обвини фудбалерот на Барселона дека барал „русокоси со големи гради“ за роденденската забава и им нудел меѓу 10 и 20 илјади евра, но со забрана да носат мобилни телефони.

kontroverzna-rodendenska-zabava-na-lamin-jamal-18-nudel-do-20-000-na-devojki-angazhiral-lugje-so-djudjest-rast-01.jpg

Младата ѕвезда на Барселона, Ламин Јамал, наполни 18 години на 12 јули.

Своето полнолетство го прослави со голема забава во приватна куќа, а на која темата била „Италијанска мафија“.

Но, прославата на 18-тиот роденден на младиот фудбалер наиде на осуда од јавноста, откако беа откриени неколку контроверзни моменти.

Наводно, Јамал, преку свои соработници, им понудил од 10 до 20.000 евра на неколку девојки за да дојдат на забавата.

kontroverzna-rodendenska-zabava-na-lamin-jamal-18-nudel-do-20-000-na-devojki-angazhiral-lugje-so-djudjest-rast-05.jpg

Тој инсистирал девојките да се русокоси и да имаат големи гради, а дека со себе не смеат да носат мобилни телефони за да снимаат или фотографираат.

Ова го открила Клаудија Калво, италијански модел, од која, наводно, било побарано да ги пронајде девојките, но таа ја одбила понудата.

„Не знам што очекуваа од нас за тие пари“, рекла Клаудија.

Брзо потоа, таа преку Инстаграм Стори демантира дека ѝ пристапиле лично на неа, туку само дека пренела информации.

„Сакам официјално да ставам јасно до знаење дека не сум рекла ништо друго освен она што ми беше кажано, и во ниту еден момент не сум зборувала или именувала никого со овие обвинувања.

Се работи за претпоставки, бидејќи ништо не е докажано со фотографии или опипливи докази.

Се извинувам ако моето сведоштво е погрешно протолкувано. Јас сум само информатор“, пишува таа во пораката.

kontroverzna-rodendenska-zabava-na-lamin-jamal-18-nudel-do-20-000-na-devojki-angazhiral-lugje-so-djudjest-rast-02_copy.jpg

Нејзиниот коментар звучи како јавно извинување, нешто што обично го бараат адвокатите за да не поднесат тужба против некоја личност за клевета и слично.

Уште една контроверзија е изнајмувањето луѓе со џуџест раст, актери, кои требале да ги забавуваат гостите.

kontroverzna-rodendenska-zabava-na-lamin-jamal-18-nudel-do-20-000-na-devojki-angazhiral-lugje-so-djudjest-rast-08.jpg

Овој потег наиде на осуда од неколку здруженија, кои сметаат дека Јамал го направил ова за да ги исмева овие луѓе.

Негативни коментари има и за изборот на темата мафија, но и роденденската торта која била украсена со пиштоли и реквизити кои алудираат на коцкање.

kontroverzna-rodendenska-zabava-na-lamin-jamal-18-nudel-do-20-000-na-devojki-angazhiral-lugje-so-djudjest-rast-04.jpg

Инаку, на забавата на Јамал присуствувале неколку од неговите соиграчи од Барселона.

Пред журката, пак, младиот фудбалер објави видео со кое најави дека слави роденден.

Погледнете го видеото:

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Ламин Јамал не сакаше да потпише договор за Барса без баба му - Која е приказната зад нивната силна ... Наместо со менаџери и „важни фаци“, Јамал на церемонијата дојде со семејството, ...
Скијачка запросена пред илјадници луѓе на Олимпијада - Освои злато, па доби свршенички прстен Прво запросување на Олимпијадата 2026 - кога освојувачката на златен медал Бризи...
Протекоа скандалозни снимки од забави на фудбалери со ескорт девојки во Италија - присуствувал и Ибр... Контроверзниот италијански бизнисмен, Фабрицио Корона, познат и како „кралот на ...
Популарни, згодни, успешни - Кои се сопругите и девојките на фудбалерите што ќе играат на Светско 20... Помина времето кога партнерките на фудбалерите беа познати само поради врската с...
ЕМОФ Скопје 2025: Бреслиева остана без медал во таеквондо, Смилев осми во финалето на К1-слалом На четвртиот натпреварувачки ден, двете македонските репрезентации во Баскет 3х3...
Почина фудбалската легенда Васил Рингов на 70-годишна возраст Денес (23.12) почина Васил Рингов – фудбалерот кој се смета за еден од најдобрит...

Најчитани неделава