Го остави сопругот преку Инстаграм, па се сврши со бившиот на Клои Кардашијан: Принцезата од Дубаи се подготвува за свадба
Принцезата му кажа на сопругот дека ќе се разведува преку Инстаграм објава.
„Драг сопруг, бидејќи си зафатен со други пријателки, јас овде го најавувам нашиот развод. Се разведувам од тебе“, пишува на сега избришаната Инстаграм објава.
Принцезата беше во брак со шеик, а се венчаа во 2023 година. Како и што се очекуваше од ќерката на лидерот на Дубаи, направија раскошна свадба, а лани добија ќерка.
Но, два месеца откако им се роди девојчето, принцезата кажа дека се разведува од шеикот.
Махра потекнува од екстремно богато и моќно семејство – богатството на нејзиниот татко се проценува на повеќе од 18 милијарди долари.
Татко ѝ – шеикот Мохамед бин Рашид Ал Мактум – покрај тоа што е владетел (емир) на Дубаи, има и функција на премиер и потпретседател на Обединетите Арапски Емирати.
Впрочем, трансформацијата што ја доживеа Дубаи му се припишува токму нему.
Тој има и низа бизниси, како авиокомпанија, безброј недвижнини, технолошки компании…
Френч Монтана, од друга страна, има релативно скромно потекло. Се родил во Мароко и на 13-годишна возраст со семејството се преселиле во Њујорк.
Кога пристигнале, раперот не ни знаел англиски јазик, па му било особено тешко да се адаптира.
Бидејќи и финансиската состојба не им била најдобра, по две години во САД, татко му посакал да се вратат во родната земја.
Но, мајка му инсистирала да останат уште некој период.
Татко му сепак се вратил во Мароко, па мајка му зависела од социјална помош за да го изгледа раперот и неговите брат и сестра. Набрзо, раперот станал тој што го издржувал семејството.
Но, тој уште во тинејџерските години почнал да покажува интерес за рап музика, па некако успеал да се пробие.
Иако е успешен и богатството му се проценува на околу 40 милиони долари, Френч Монтана е далеку од најпознат рапер.
Па, останува мистерија како се сретнал со принцезата и како успеал да ја освои.
Но, извори блиски до парот велат дека и двете семејства, вклучувајќи го и владетелот на Дубаи, се пресреќни за свршувачката.
Засега не е познато кога ќе се венчаат, но веројатно може да се очекува раскошна свадба.
Прочитајте и: Мајка ѝ е Гркинка, има мафијашки корени - Факти за принцезата од Дубаи која на Инстаграм се разведе од сопругот
Спирова С. | Црнобело