Вирални (и непријатни) моменти што ги обележаа MTV VMA 2025 + најсмешните твитови за настанот
- Детали
- вторник, 09 септември 2025
Доџа Кет си стави кармин на црвениот тепих, па го изеде, Аријана Гранде мака мачеше со микрофонот кој беше превисоко поставен за неа, a Џесика Симпсон беше критикувана дека претерала со пластични операции. Како помина доделувањето на MTV VMA?

На 7-ми септември се одржа годинешното издание на MTV Video Music Awards (MTV VMA), а на настанот присуствуваа некои од најголемите имиња во музичката индустрија.
Аријана Гранде, Мараја Кери и Рики Мартин се само некои од ѕвездите кои го следеа настанот во Њујорк – дел од нив настапуваа, а дел си заминаа дома и со награди.
Лејди Гага триумфираш на вечерта со четири статуетки од вкупно 12 номинации, додека Мараја Кери првпат доби награда на MTV VMA во долгогодишната кариера. Меѓу наградените се и Аријана Гранде, Сабрина Карпентер, Шакира, Coldplay…
Секако, покрај богата музичка програма, настанот не помина и без неколку вирални, но и бизарни моменти.
Дел од чудните и забавните моменти што го одбележаа овогодишното издание на MTV VMA:
Кога се појави на црвениот тепих, Доџа Кет си стави црвен кармин, а потоа, поради некоја причина, го изеде.
Мараја Кери, пак, се пошегува за фактот дека годинава првпат освои награда на MTV VMA.
„Јее! Мојата прва статуетка. Ти благодарам MTV, ова е прекрасно. Но, не знам зошто требаше толку време за да се случи“.
Таа и настапуваше, а се соочи со критики дека била премногу „здрвена“ на сцена.
Сличен став како Мараја имаше и раперот Bust Rhymes кој доби статуетка првпат во 35 години.
Labubu манијата стигна и до MTV VMA, па една од презентерките им подари специјално изработени кукли на членките на популарната група Katseye.
Но, иако пробуваат да покажат благодарност, очигледно е дека девојките не се многу воодушевени од подарокот.
Јужнокорејската ѕвезда Розе освои награда за песна на годината. Но, кога беше прогласена за победник, не доби прегратка од никој – ниту од луѓето кои седеа до неа.
Пејачот Yungblud позираше на црвениот тепих без маица, но покажа и повеќе отколку што треба бидејќи панталоните му беа спуштени прениско.
Се чини дека настанот не поминува без барем еден провокативен настап кој е критикуван, а годинава со критики се соочи пејачката Тејт Мекреј.
Лејди Гага дојде на настанот само колку да ја прифати наградата Изведувач на годината, и веднаш си замина.
Но, заминувањето ѝ беше оправдано бидејќи истата ноќ имаше концерт на другиот крај од Њујорк.
Џесика Симпсон привлече внимание со новиот изглед, а јавноста коментира дека овој пат претерала со пластични операции.
Но, Рики Мартин од друга страна, доби само комплименти бидејќи изгледа подмладено и подобро од кога било.
Аријана Гранде освои три награди, а кога ја прифаќаше последната, имаше мала незгода со микрофонот.
Пејачката едвај го достигнуваше микрофонот, па организаторите се соочија со критики зошто никој не дошол да го спушти.