Бред Пит купи милионска куќа, откако претходниот дом му беше ограбен - врти нова страница со новата девојка
- Детали
- сабота, 13 септември 2025
Куќата во шпански стил има 6 спални соби, 8 бањи, базен, музичко студио, домашна кино сала и градина, но и спектакуларен поглед кон Лос Анџелес - ѕирнете во новиот дом на Бред Пит, вреден 12 милиони долари.

Бред Пит почнува нов живот со својата долгогодишна девојка, Инес де Рамон.
Доказ за тоа е и новиот дом што го купил во Холивуд Хилс и каде што ќе се пресели наскоро.

На овој потег Бред се одлучил откако крадци влегоа во неговата куќа и ја ограбија.
„Сакаше да се пресели некаде кај што ќе се чувствува сигурен, со оптимален безбедносен систем и овој имот му се допадна.
Дури и пред да го ограбат, безбедноста му беше високо на листата со приоритети“ - рекол близок пријател на Бред.

Станува збор за куќа во шпански стил со 6 спални соби, 8 бањи, базен, музичко студио, домашна кино сала и градина.
За домот, актерот, наводно платил 12 милиони долари.

Освен што самата градба изгледа прекрасно, со многу прозорци, плафони со спуштени греди, светли ѕидови, има и спектакуларен поглед кон Лос Анџелес и Пацификот.
Куќата е изградена во 1989 година, а се наоѓа во област во која живеат многу холивудски ѕвезди, вклучувајќи ги Бен Афлек и Орландо Блум.

Инаку, овој имот е еден од неколкуте кои ги поседува Бред.
Tој има и замок со винарија во Франција, како и имот во Камел Хајландс вреден 40 милиони долари, но и куќата во Лос Фелиз од 5,5 милиони долари која беше ограбена пред неколку месеци.

Повеќе фотографии од куќата на Бред Пит:


