Актерката од Emily in Paris ги загрижи фановите со преслабиот изглед – Порано имаше булимија, сега тврди дека е здрава
- Детали
- вторник, 16 септември 2025
На Модната недела во Њујорк, актерката Лили Колинс делуваше многу слаба, со што предизвика загриженост кај нејзините фанови. Претходно таа има зборувано за битката со булимија, но не е познато дали пак се справува со нарушувањето.

Актерката Лили Колинс, најпозната по улогата во Emily in Paris, отсекогаш била отворена за битката со нарушувањето во исхраната.
Но, тврдеше дека сега е во подобра состојба.
Сепак, со нејзиното појавување на Модната недела во Њујорк ги загрижи фановите со својот изглед.
Актерката, која на почетокот од годината доби дете со сурогат мајка, во петокот (12.09) се појави на ревија на Calvin Klein.
36-годишната актерка носеше комплет од кроп-топ и здолниште, во комбинација со сандали. А, она што најмногу им привлече внимание на другите е нејзиниот слаб изглед.
Фотките од актерката на ревијата почнаа да се споделуваат вирално и многумина изразуваат загриженост за неа.
Некои, пак, и ја критикуваат бидејќи со многу слабиот изглед претставувала лош пример за девојчињата.
„Жал ми е ако мислите дека ова е нормално. Ужасен пример за личност со несигурности, што е тажно“.
„Зошто луѓето мислат дека неисхранетоста изгледа привлечно?“
„Ми изгледа како да има проблем со анорексија или телесна дисморфија“.
„Не знам зошто некои луѓе мислат дека ова е привлечно. Привлечно изгледаат здравите луѓе, ова не ми делува здраво“.
„Лили Колинс, за жал, има историја со нарушувањето во исхраната. Ѝ посакувам сè најдобро“.