Почина Роберт Редфорд на 89-годишна возраст – со децении доминираше во Холивуд, го „оживеа“ фестивалот Sundance
- Детали
- вторник, 16 септември 2025
Еден од најдобрите и најпознатите холивудски актери, Роберт Редфорд, почина денес на 89-годишна возраст.

Актерот Роберт Редфорд почина денес (16.09) на 89-годишна возраст.
Оскаровецот починал во неговиот дом во Јута, а веста официјално ја потврди и магазинот The New York Times.
„Роберт Редфорд почина на 16-ти септември 2015-та, во неговиот дом – местото што го сакаше, опркужен со неговите сакани. Многу ќе ни недостасува. Семејството бара приватност“, гласи официјалното соопштение.
Со децении, Роберт Редфорд важеше за еден од најдобрите холивудски актери, појавувајќи се во низа блокбастери како Butch Cassidy and the Sundance Kid и All The President’s Men.
Подоцна во животот почна и да режира, а за неговиот филм Ordinary People освои и Оскар.
Во 1980-тите, актерот почна да се фокусира на филмски фестивал кој не само што го спаси, туку помогна да се претвори во денес престижниот Sundance Film Festival.
Има соработувано со некои од најпознатите режисери во Холивуд, како Квентин Тарантино и Дарен Аронофски, а беше вклучен и во низа документарци кои обработуваат сериозни теми, како климатски промени и репродуктивните права на жените.
Поради сето ова, во 2002 година, актерот доби и почесен Оскар, за неговите придонеси во филмската индустрија.
Тој беше активен и подоцна во животот, а во 2018 година се појави и во последниот филмот од кариерата – The Old Man and the Gun.
Засега не се откриени други детали за смртта на актерот.
Спирова С. | Црнобело