„Доволно беше“ – Викторија Бекам е изморена од кавгата со синот Бруклин, верува дека еден ден сам ќе се врати

„Таа верува дека еден ден, тој ќе се врати кај неа, но сега не е вистинското време, така гледа сега на тоа. Ѝ беше многу емотивно снимањето на документарната серија, но со тоа сфати дека има многу сакани луѓе покрај неа“ - велат изворите за Викторија Бекам, која е изморена од борбата со синот Бруклин. 

dovolno-beshe-viktorija-bekam-e-izmorena-od-kavgata-so-sinot-bruklin-veruva-deka-eden-den-sam-kje-se-vrati-01.jpg

Драмата во семејството на Бекамови навистина трае долго време, а изгледа како двете страни веќе да немаат намера да направат нешто повеќе.

Иако Дејвид и Викторија се држат еден до друг и не дозволуваат многу зборување за семејството, сепак преку скриени потези се забележува тензијата.

dovolno-beshe-viktorija-bekam-e-izmorena-od-kavgata-so-sinot-bruklin-veruva-deka-eden-den-sam-kje-se-vrati-05.jpg

Откако неодамна Бруклин во завиена форма проговори за ситуацијата и изјави дека не го интересира ништо бидејќи ја има сопругата Никола Пелц покрај себе, излегоа информации и за ставовите на мајка му на оваа тема.

dovolno-beshe-viktorija-bekam-e-izmorena-od-kavgata-so-sinot-bruklin-veruva-deka-eden-den-sam-kje-se-vrati-04.jpg

Изгледа борбата за неа трае предолго, па додека периодов се подготвува за премиерата на нејзината документарна серија на Нетфликс, решила да повлече линија и да престане да се бори.

Според блиски извори, снимањето на шоуто ѝ помогнало да се ослободи, бидејќи сфатила колку многу е сакана, а во себе верува дека еден ден ќе се обединат со Бруклин.

„Минуваше низ ролеркостер од емоции заради таа голема работа што уште ѝ влијае, односно нарушениот однос со Бруклин.

Но, ова исто така ја натера да сфати дека не може да продолжи да се потсетува на скршеното срце и да се навраќа на ситуацијата со него, што е доволно, доволно е.

dovolno-beshe-viktorija-bekam-e-izmorena-od-kavgata-so-sinot-bruklin-veruva-deka-eden-den-sam-kje-se-vrati-03.jpg

Викторија знае дека еден ден, тој ќе се врати кај неа, но сега не е вистинското време, така гледа таа на тоа сега, а овој проект ја натера да сфати колку е благословена што го има семејството покрај неа, што ја поддржува.

Ѝ беше емотивно, но и ослободувачко истовремено. Секако дека верува дека еден ден ќе ги средат односите“.

dovolno-beshe-viktorija-bekam-e-izmorena-od-kavgata-so-sinot-bruklin-veruva-deka-eden-den-sam-kje-se-vrati-06_copy.jpg

Инаку, документарната серија ќе има премиера на 9-ти октомври, а во неа ќе може да се види таа одблиску, нејзината транзциија од поп икона до моден могул, со фокус на градењето на нејзината модна империја, но и интимни семејни моменти, посебно со нејзината најголема поддршка, сопругот.

„Само сакам Дејвид и децата да бидат горди на мене“ – вели таа.

dovolno-beshe-viktorija-bekam-e-izmorena-od-kavgata-so-sinot-bruklin-veruva-deka-eden-den-sam-kje-se-vrati.jpg

Погледнете го трејлерот:

M. M. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Синот на Бритни Спирс првпат сам на црвен тепих со девојка – додека мајка му прави скандал со нож во... По долги години растење настрана од јавност, помалиот син на Бритни првпат се по...
Детали за врската на Бруклин Бекам што заврши катастрофално: Ги разделуваше обезбедување, и таа ги м... Кратко пред да ја почне врската со Никола Пелц, Бруклин Бекам раскина 9-месечна ...
Бруклин Бекам прозборе за семејната драма, откако се посрамоти на голф натпревар: „Имам прекрасна со... По голф натпревар на кој беше критикуван дека „нема никаков талент“, Бруклин Бек...
Бекамови очајни да го подобрат односот со Бруклин: „Се надеваат на ’божиќно чудно‘, но веќе не ја са... „Минатата година сите беа заедно. Дејвид и Викторија сакаат да му покажат на Бру...
Бруклин Бекам на старо видео ја влече Никола Пелц за да се слика со Бекамови: „Таа е гневна, пробува... Во видео од 2023-та, направено на премиерата на Нетфликс документарецот на Бекам...
Бруклин Бекам ладно ги изигнорира роденденските честитки од родителите: „Подготвени се да стават кра... „Не се само Викторија и Дејвид, и неговите три тетки исто така споделија објави ...

Најчитани неделава