Татко му го држеше да виси од тераса, цел живот се крие од јавност: Каде е денес најмалиот син на Мајкл Џексон?
- Детали
- четврток, 02 октомври 2025
Еден од најпознатиот инциденти поврзани со децата на Мајкл Џексон е кога пејачот го држеше неговиот втор син да виси од тераса, за да им го покаже на фановите. Оттогаш пејачот даваше сè од себе за да го заштити од јавноста и очигледно успеал, бидејќи вистинска реткост е да се види Биги Џексон.

23-годишниот син на Мајкл Џексон, Биги, кој речиси воопшто не се појавува во јавност, неодамна беше забележан во едно од најбогатите соседства во Лос Анџелес.
Биги, кој претходно беше познат како Бланкет, е роден во 2002 година, од сурогат мајка, а по смртта на татко му јавноста ретко слуша за него.

Најмалиот син на пејачот е познат и по инцидентот кога Мајкл го држеше да виси преку балкон за да им го покаже на фановите.

Деновиве Биги беше фотографиран во лежерно издание, со црна маичка и лежерни шорцови, како пазари и потоа влегува во својот автомобил.
Неодамна брат му Принц се сврши со партнерката, додека сестра му Парис ја раскина свршувачката. Но, за љубовниот живот на Биги не се знае апсолутно ништо.


Не е активен на социјалните мрежи, а за разлика од неговите брат и сестра, избегнува и важни настани.
Единствено мината година во април, се појави со Парис и Принц на премиерата на мјузикл со песни од неговиот татко.

Не е познат идентитетот на мајката на Биги, но постојат шпекулации дека тој е единственото биолошко дете на пејачот.
Уште откако беше дете, татко му му го криеше лицето за да го заштити од папараците и фановите.

По смртта на Мајкл Џексон во 2009 година, старателството над Биги го презеде неговата баба Кетрин.
Тој е дел од филмската индустрија, а кариерата ја почна со Јутјуб канал каде објавуваше видеа за филмови и други поврзани теми.
Но, во 2020-та каналот беше избришан.

Во 2023-та тој сними и режира краток филм кој беше прикажан на Филмскиот фестивал во Санта Моника.
Биги има дадено и неколку интервјуа, но сите се поврзани со татко му и за себе одбива да открива што било.

Спирова С. | Црнобело