Бен Афлек и Џеј Ло како вљубен пар на премиера, една година по разводот: „Сака да го бакне“
- Детали
- вторник, 07 октомври 2025
На премиерата на нивниот нов филм, Бен Афлек и Џеј Ло позираа прегрнати и со широки насмевки, а за видеата од настанот на кои разговараат, некои коментираат дека пејачката изгледа како да сака да го бакне. Се разгореа и шпекулации дека можеби ќе ѝ дадат трета шанса на врската.

Бен Афлек и Џеј Ло присуствуваа на премиерата на нивниот заеднички филм Kiss of the Spider Woman и првпат по разводот се појавија заедно.
Џеј Ло поднесе барање за развод во август минатата година, но дотогаш веќе почнаа да работат на филмот кој е во продукција на Бен.
Иако се разделија, ја продолжија соработката, а на вчерашната премиера во Њујорк, изгледаа мошне среќно еден покрај друг.
На црвениот тепих позираа прегрнати, со широки насмевки, а во еден миг и разговараа.
За видеото на коешто разговараат, некои фанови коментираат дека Џеј Ло изгледа како да сака да го бакне Бен.
Кликнете на објавата за да го изгледате видеото:
Други, пак, велат дека е очигледно дека Џеј Ло уште има чувства за актерот, па почна да се шпекулира и дека можеби ќе сакаат да ѝ дадат уште една, трета шанса на врската.
Нормално, некои и се шегуваат за целата ситуација.
„Третиот пат носи среќа“.
„И двајцата се хаос и се заслужуваат еден со друг“.
„Мислам дека си се допаѓаат. Можеби не се во брак, но уште има чувства“.
„Боже, пак ли ќе почнат со сè одново?“
„Одлучете веќе еднаш што сакате да правите“.
„Сигурна сум дека повторно ќе бидат заедно“.
Пред проекцијата на филмот, Џеј Ло одржала и говор во кој му се заблагодарила на Бен:
„Ви благодарам на сите што сте овде вечерва. Ти благодарам, Бен. Филмот немаше да стане реалност без Бен и неговата продукциска компанија“.
Пред помалку од еден месец, Џеј Ло зборуваше за разводот и изјави дека ѝ помогнал да созрее како личност.
Истовремено, ја искористи можноста да го пофали Бен како вистински професионалец. Пејачката сподели дека таа изразила желба да сними филм според истоимениот бродвејски мјузикл, а Бен без двоумење ѝ рекол дека ќе ѝ помогне.
Продукциската компанија на Бен го финансирала филмот, а Џеј Ло сподели дека секогаш ќе му биде благодарна за тоа.
За потсетување, Бен и Џеј Ло првпат беа во врска во раните 2000-ти. Тогаш се свршија, но не стигнаа до олтар.
Повторно почнаа врска во 2021-ва, а околу една година подоцна се венчаа.
Но, минатата година Џеј Ло поднесе барање за развод.