Помина 1 година од смртта на Лиам Пејн - девојка му објави последни моменти со него, сестра му сподели потресна порака
- Детали
- петок, 17 октомври 2025
„Засекогаш ќе ги мразам збогувањата, ми недостасуваш“ - напиша девојката на починатиот пејач, една година откако тој падна од хотелска соба, а објави и видео снимено на последниот ден што го поминале заедно.

Лиам Пејн, пејачот на Оne Direction, почина трагично на 16 октомври 2024 во Аргентина, откако падна од третиот кат во хотелот во кој престојувал.
Една година по смртта, најблиските и фановите се простуваа од починатиот пејач.

Неговата сестра Рут во својата емотивна порака вели дека смртта на Лиам е „сурова“ и дека „нема смисол“.
„1 година, 12 месеци, 52 недели, 365 дена... што и да кажам, страшната вистина е дека ти не си веќе тука.
Кога ќе тргнеше на турнеја, ќе плачев ама знаев дека ќе те нема кратко, секогаш знаев дека ќе се вратиш, но сега не можам да те сретнам некаде низ светот, да разговарам со тебе на видеоповик или да ти пратам порака за да прашам како си, затоа што нема враќање.
Ја разбирам тагата, но колку многу ја потценив. Секој ден ме паразлизира.

Сега знам дека загубите што ги чувствував претходно беа само интензивна тага, но ти си најголемата загуба во мојот живот, единствената личност која ќе ми недостига секој ден, во секој важен момент од мојот живот.
Здраво за готово го земав фактот дека мојот помал брат ќе биде покрај мене низ целиот мој живот, колку сурова лекција да ја научиш во твоите 30-ти.
Жалам што не ги исполнив сите ветувања што ти ги дадов пред да починеш, и ќе ме прогонуваат додека сум жива, така знаеше да ми кажеш“ - стои меѓу другото во потресната порака.

Од Лиам, на годишнината од смртта се прости и неговата девојка Кејт Касиди, која била со него во Аргентина, но си заминала неколку дена пред трагедијата.
„Денес се одбележува цела една година откако не си тука.
Засекогаш ќе ги мразам збогувањата. Ми недостигаш Лиам“ - пишува во нејзината порака.

Taa на Тикток објави и едно од последните заеднички видеа, на кое тој ја крева во раце.
„Ова видео е снимено во последниот час од последниот ден што го поминавме заедно. Благодарна сум за убавите моменти што ги делевме“, напиша Кејт.
@kateecass This video was taken during the last hour and last day Liam and I shared in this lifetime. I am forever grateful for the beautiful moments we shared. I will miss you for the rest of my life Liam
♬ Jacob and the Stone SLOWED - ssxmusic
Но, и една година по смртта, полицијата во Буенос Аирес не ја затвори истрагата за неговата смрт и сè уште ги испитува околностите под кои почина.
Официјалните резултати од обдукцијата велат дека смртта е резултат на „политраума“, односно дека Лиам имам повеќекратни трауматски повреди на телото.

Во истрагата беа вклучени и локалци за кои се верува дека го снабдувале со наркотици, како и неколку вработени од хотелот, но обвиненијата против повеќето од нив беа повлечени.
Останати се обвиненија само против двајца - хотелски работник и келнер, но датумот за нивното судење и понатаму не е одреден, зашто полицијата испитува 800 часа снимки од хотелските камери, податоци од мобилни телефони, но и од лаптопот на Пејн, кој сè уште е во посед на аргентинската полиција.

Доколку ги прогласат за виновни, обвинетите би можеле да добијат до 15 години затвор.
А. Ј. | Црнобело