Кажа дека не ја сакал ќерка му, очаен е за Оскар и внимание: Како Бредли Купер си ја уништи репутацијата?
- Детали
- четврток, 23 октомври 2025
Раскина со Ирина Шајк додека се шпекулираше дека има афера со Лејди Гага, а многумина сметаат дека врската со Џиџи Хадид е само маркетиншки трик за да привлече повеќе внимание и да си ја подобри репутацијата.

Изминативе 20-тина години, Бредли Купер е меѓу најпознатите холивудски актери.
Со улоги во низа култни филмови како The Hangover и American Sniper, се покажа како актер кој се снаоѓа и во комедии, и во сериозни улоги.
Бредли се реализира и како режисер чии филмови добија по неколку номинации за Оскар, но во последно време како да ги губи симпатиите на јавноста.
Од „егоистичното“ однесување, до чудните коментари, се чини дека Бредли Купер постепено си ја уништува репутацијата.
За што сè е критикуван актерот?
Шпекулации за афера со Лејди Гага
Во 2018 година, Бредли Купер го сними A Star is Born, каде покрај него, главната улога ѝ припаѓа и на Лејди Гага.
Филмот се покажа како хит, а песната Shallow ја отпеаја и на Оскарите во 2019-та.
Но, поради хемијата на актерите на сцена, почна да се шпекулира дека имаат афера.
Тој период Бредли беше во врска со Ирина Шајк, па озборувањата му создадоа проблеми.
Но, актерот стоеше на ставот дека само ги глумеле ликовите од филмот додека настапувале на Оскарите.
„Нашите ликови се вљубуваат во таа сцена во филмот. Тоа е експлозивен момент што им се случува на сцена, пред илјадници луѓе. Мислам дека би било чудно ако и ние бевме свртени кон публиката“.
Подоцна Бредли сподели и дека многу се зближил и поврзал со Лејди Гага, но негираше дека меѓу нив се случило нешто романтично.
Сепак раскина со Ирина Шајк
Повторно во 2019-та, Бредли Купер и Ирина Шајк се разделија.
Тие беа заедно од 2015-та, а добија и ќерка, но штом почна соработката на Бредли и Лејди Гага, наводно односот им се влошил.
Сепак, не е познато зошто се разделиле.
„Извесен период пробуваа да ја спасат врската, но им стана јасно дека дошол крајот. Колку и да пробуваа да ја вратат хемијата меѓу нив, едноставно не можеа“, сподели извор близок до парот.