Кажа дека не ја сакал ќерка му, очаен е за Оскар и внимание: Како Бредли Купер си ја уништи репутацијата?
Лошо ги третирал вработените
Бредли Купер го режираше и филмот Maestro каде исто така ја има главната улога.
Но, кога во јавност се појавила строгите правила што мора да ги следи неговата филмска екипа, се соочи со критики.
Најмногу внимание привлече тоа што актерот не дозволувал на сетот да има столови, дури и ако снимале со часови.
Самиот тврдеше дека со ова ја зголемува продуктивноста на сите на сетот, но ни јавноста, ни оние кои соработувале со него не се согласуваат
„Дури ни најдобрите актери нема да можат да го дадат најдоброто од себе ако некој ги присилува да стојат по 14 часа“, гласи една од критиките.
Многумина веруваат дека е очаен за Оскар
За повеќето луѓе кои работат во филмската индустрија, Оскарот е најголемото признание што можат да го добијат.
Па, сосема нормално е ако некој актер, режисер и слично сонува за Оскар.
Но, Бредли Купер се критикуван дека е толку очаен за Оскар, што „со сила“ прави филмови што би му се допаднале на жирито, наместо да ја цени филмската уметност.
Двата филма што ги режираше навистина добија по неколку номинации за Оскар, но самиот Бредли не освои ништо, ниту како актер, ниту како режисер.
Дури и големите американски медиуми се шегуваат на негова сметка со натписи како „Никој не сака Оскар колку Бредли Купер“.
Сподели дека не ја сакал ќерка му кога се роди
Една од најконтроверзните изјави на Бредли Купер е поврзана со ќерката што ја доби со Ирина Шајк.
Во интервју од 2024 година, тој изјави:
„Да бидам искрен, првите осум месеци си мислев 'Не ни знам дали навистина го сакам ова дете‘. Ме фасцинира, сакам да се грижам за него. Но, дали би загинал за него ако сега влезе некој со пиштол?“
Овој коментар, заедно со чајните обиди да добие Оскар, го чинеа многу фанови кои сега го гледаат како егоистична личност која мисли само на себе.
Некои мислат дека врската со Џиџи Хадид е маркетиншки трик
Врската на Џиџи Хадид и Бредли Купер беше изненадување за јавноста и иако изгледаат вљубено и среќно, некои се сигурни дека е маркетиншки трк.
Според „теориите на заговор“, Џиџи и Бредли ја почнаа врската во периодот кога беше издаден филмот Maestro.
Па, со ова актерот само пробувал да привлече внимание кон неговиот филм.
Некои веруваа и дека лажат дека се пар за да привлечат повеќе внимание на Оскарите, но оваа теорија пропадна во вода бидејќи Џиџи не ни присуствуваше на настанот.
Некои веруваат и дека Бредли пробува да си ја спаси репутацијата со Џиџи.
Тие се заедно веќе неколку години и би било чудно ако уште лажат, но дел од јавноста сепак е скептична за нивната врска.
Спирова С. | Црнобело