Кети Пери слави роденден со Џастин Трудо, 3 месеци откако ја раскина свршувачката - го гледа вљубено, се држат за рака
- Детали
- понеделник, 27 октомври 2025
Со новите папарацо фотки, Кети Пери и Џастин Трудо официјално ја потврдија врската. Парот беше забележан во Париз, каде во ресторан го прославија 41-иот роденден на Кети.

По вљубените фотки на јахта, Кети Пери и Џастин Трудо и официјално ја потврдија врската.
На 25-ти октомври, пејачката наполни 41 година, а роденденот го прослави со новиот партнер во ресторан во Париз.
Кети носеше долг црвен фустан, додека поранешниот канадски премиер беше во црн костум.
Вљубените Кети и Џастин најпрво беа фотографирани додека излегуваат од автомобил, а потоа и како излегуваат од ресторанот и притоа постојано се држеа за рака.
Извори блиски до пејачката велат дека таа е пресреќна во новата врска, но дека поробува да не привлекува многу внимание.
„Кети е навистина многу среќна. Пробува да не привлекува многу внимание, и приватно минуваат многу време заедно. Не сака многу да зборува во јавност за нивната врска.
И нејзините пријатели мислат дека се добар пар, но Џастин уште нема запознаено многу од нив“.
Првите гласини за врската на Кети и Џастин се појавија уште во јули, само еден месец откако пејачката потврди дека се разделува од Орландо Блум.
Џастин Трудо, пак, во 2023-та се разведе од сопругата Софи, со која беше во брак дури 18 години.
Засега не се познати детали за тоа како ја почнале врската, но уште на почетокот извори блиски до Џастин и Кети велеа дека интересот бил обостран.
„Одлучија да не зборуваат многу за нив. Во контакт се и многу се заинтересирани еден за друг“, сподели извор во септември.
Претходно, друг извор тврдеше дека биле премногу зафатени и нивната врска не била сериозна.
„Кети е многу зафатена со нејзината турнеја. Џастин направи план да се види со неа кога ќе има пауза, кога ќе се врати од турнејата во Бразил. На Кети не ѝ се брза, но отворена е за можноста за врска“.
Но, веројатно, ова се променило, штом и официјално ја потврдија врската.
Повеќе фотки од вљубениот пар:
Спирова С. | Црнобело