Кети Пери и Џастин Трудо ја потврдија врската – се бакнуваат на јахта: „Не ни пробуваа да се скријат“
- Детали
- недела, 12 октомври 2025
Кети Пери и Џастин Трудо беа фотографирани како се бакнуваат на јахта во Калифорнија со што ги потврдија шпекулациите дека се пар.

По неколку месеци шпекулации, се чини дека Кети Пери и поранешниот премиер на Канада – Џастин Трудо – сепак се пар.
Пејачката и поранешниот премиер беа фотографирани на јахта во Калифорнија како се прегрнуваат и бакнуваат.
Во еден миг, Џастин ѝ го допира и задникот на Кети.

Гласините за врската на 40-годишната пејачката и 53-годишниот политичар почнаа во јуни, кога беа фотографирани во ресторан во Монтреал.
И покрај огромниот интерес на јавноста, и двајцата одбиваа да коментираат што било.

Новите фотки ги направил патник на туристички брод кој минувал покрај јахтата. Патникот вели дека не ни пробувале да се скријат од љубопитните туристи.
„Јахтата застана во близина на бродот, па почнаа да се бакнуваат. Не ми беше јасно кои се, сè додека не ја забележав тетоважата на раката на мажот и тогаш сфатив дека е Џастин Трудо“, вели патникот.


Инаку, Џастин има голема тетоважа на левото рамо која е инспирирана од неговите лични верувања.

Кети Пери неодамна се раздели од Орландо Блум со кого има петгодишна ќерка.
Џастин пак, се разведе во 2023-та, по 18 години брак. Со поранешната сопруга тој има два сина и една ќерка.
Уште кога се јавија првите шпекулации за нивната врска, извори блиски до пејачката тврдеа дека навистина си се допаѓале.
„Кети е многу, многу заинтересирана за него. Смета дека е добар потенцијален партнер, маж со многу квалитети.
Очигледно многу ѝ се допаѓа. А, и таа му се допаѓа на Џастин“.

Засега парот ги нема коментирано вљубени фотки од јахтата.
Спирова С. | Црнобело