Го допира Џастин Бибер на задникот, присилно бакнува дете: Загрижувачки видеа од Кети Пери, среде истрагата за сексуален напад
- Детали
- вторник, 21 април 2026
На видео од 2012-та, кога Џастин имаше едвај 18 години, се гледа како Кети Пери го прегрнува и го фаќа за задникот. На друго видео од нејзин концерт, Кети Пери присилно бакна нејзин 14-годишен обожавател. Во меѓувреме, пејачката е под истрага за сексуален напад кој се случил пред 20-тина години, во дискотека во Мелбурн.

Моментално Кети Пери е под истрага за сексуален напад, по обвиненијата на актерката Руби Роуз.
Според актерката, инцидентот се случил пред 20-тина години, во дискотека во Мелбурн, а по сè изгледа дека голем дел од јавноста ѝ верува.
Адвокатскиот тим на Кети Пери остро ги негираше обвиненијата, но полицијата во Мелбурн сепак започна истрага.
Во меѓувреме почна да се зборува за проблематичното однесување на пејачката од минатото, но и да се споделуваат видеа.
На едно вакво видео се гледа Кети пери со Џастин Бибер кој тогаш има едвај 18 години.
Видеото е снимено во Лондон во 2012 година, кога Џастин и Кети Пери настапуваа на настан на стадионот Вембли.
18-годишниот пејач и 27-годишната пејачка се сретнуваат во бекстејџ, се прегрнуваат, но Кети почнува да го допира Џастин на задникот.
Тој период Џастин беше во врска со Селена Гомез, па Кети Пери кон камерата вели: „Извини Селена“.
Потоа Џастин ѝ кажува нешто на пејачката, а таа му вели „замолчи“.
Се појави и друго видео, овој пат со 14-годишен обожавател на пејачката.
Видеото е од концерт на Кети Пери, која на сцената го вика 14-годишното момче кое се претставува како Роберт.
Кога го прашува дали е нервозен и дали оди на училиште, Роберт потврдно кимнува со главата.
„Тоа е добро, ќе бидеш многу, многу популарен во понеделник“, му вели пејачката.
Потоа го прашува:
„Ова ќе биде непријатно пред татко ти (во публиката). Дали некогаш си бил бакнат?“
Откако Роберт вели не, Кети тргнува да го бакне на устата, без разлика што е само дете. На снимката се гледа како детето пробува да го помрдне лицето и да ги избегне усните на пејачката.
На крај таа сепак го бакнува и му вели:
„Можеби си премногу млад да го разбереш ова, но кога жена ќе те бакне, треба да ја бакнеш и ти“.
По ова Роберт ја бакнува на образот и си заминува од сцената.
Јавноста почна да се присетува и на друг инцидент од 2018 година, кога Кети Пери беше во жирито на Американски идол.
Натпреварувачот Бенџамин Глејз кој тогаш имаше 19 години сподели дека никогаш не бакнал девојка. Па, Кети Пери му рече да ја бакне.
Подоцна дечкото изјави дека се чувствувал непријатно:
„Можеби други би биле радосни, но јас пораснав во конзервативно семејство и ми беше непријатно“.
За потсетување, Руби Роуз ја обвини Кети Пери минатата недела, во коментар на социјалната мрежа Threads.
„Бев во моите рани 20-ти. Сега имам 40. Ми требаа речиси две децении за да го кажам ова јавно“, сподели актерката.
Бидејќи истрагата е во тек, Руби Роуз сподели дека не може да зборува за инцидентот, а и надлежните изјавија дека засега нема да го коментираат случајот.
Спирова С. | Црнобело