Хаотични моменти што се доказ дека Алек Болдвин не може да си го контролира гневот
- Детали
- недела, 02 ноември 2025
Има неколку тужби за тепачки, неодамна удри во дрво со автомобилот, а и колегите го опишуваат како личност која нема контрола над своите емоции.

Алек Болдвин одамна важи за еден од поконтроверзните актери од низа причини, како бурниот развод со Ким Бесинџер и трагичната смрт на колешката што ја застрела.
Имал и низа гневни испади во јавност кои само потврдуваат дека во неговиот живот владее вистински хаос.
Дел од најбизарните инциденти со Алек Болдвин:
Го избркале од авион поради игра
Во 2011 година, Алек Болдвин летал од Лос Анџелес до Њујорк, и пред да полета авионот ја играл играта Words with Friends.
Стјуардесите го замолиле да го исклучи телефонот бидејќи авионот требало да полета – нешто што е очекувано од сите патници.
Но, Алек не послушал и наместо тоа, се скрил во тоалетот и продолжил да игра.
Кога една од стјуардесите уште еднаш го замолила да ги исклучи телефонот, актерот се разгневил и почнал да ја навредува. На крај, тој бил избркан од авионот.
Кога јавноста дозна за инцидентот, Алек им се извини на патниците, а не на стјуардесата, и тврдеше дека имало уште многу време до полетувањето и затоа не сакал да го исклучи телефонот.
Се степал за паркинг место
Алек Болдвин водеше неколкугодишна судска битка со маж поради паркинг место во Њујорк.
Според мажот, во 2018 година, актерот го турнал, а потоа му удрил бокс, откако почнале да се расправаат за паркинг местото.
Најпрво актерот призна вина и се согласи да оди на терапија за справување со гневот.
Но, во 2019 година, тој го тужеше мажот за клевета, тврдејќи дека ја преувеличил приказната.
Според Алек, тој го бутнал мажот, но воопшто не е точно дека го удрил.
Случајот беше решен дури во 2022 година, кога Алек и мажот направиле приватна спогодба.