Хаотични моменти што се доказ дека Алек Болдвин не може да си го контролира гневот

Има направено неколку сообраќајни прекршоци

Во октомври 2025, Алек Болдвин сподели дека удрил со автомобилот во дрво. Но, тврдеше дека камион му го пресекол патот, и немал избор освен да сврти во последен момент.

Со него бил и брат му, но за среќа поминале без повреди.

„Го оштетив автомобилот на сопругата и криво ми е за тоа. Но, сè е во ред, и јас и брат ми сме добри“.

tepachki-soobrakjajki-haotichni-momenti-shto-dokazhuvaat-deka-alek-boldvin-ne-mozhe-da-si-go-kontrolira-gnevot-06.JPG

Претходно, во 2021 година, Алек беше во многу посериозна сообраќајка, за која доби и тужба.

Тужбата ја поднесе маж по име Ахмед Мустафа, според кој актерот претекнувал автомобил на полна линија. Ахмед возел на спротивната лента, па така се судриле.

Најверојатно мажот се стекнал со повреди, бидејќи со тужбата барал актерот да му ги покрие трошоците за лекување, како и штетата на автомобилот.

Според последните информации, случајот уште не е решен.

Во 2014-та, пак, тој беше уапсен бидејќи го возел велосипедот во спротивна насока во Њујорк.

tepachki-soobrakjajki-haotichni-momenti-shto-dokazhuvaat-deka-alek-boldvin-ne-mozhe-da-si-go-kontrolira-gnevot-07.JPG

Низа конфликти со папараци

Разбирливо е зошто повеќето славни личност не ги сакаат папараците, но Алек Болдвин е дури и насилен кон нив.

Во 1995 година, додека беше во брак со Ким Бесинџер, Алек Болдвин испрскал фотограф со пена за бричење.

Инцидентот се случил кратко по раѓањето на неговата ќерка, а фотографот бил еден од многуте кои биле пред домот на актерот.

tepachki-soobrakjajki-haotichni-momenti-shto-dokazhuvaat-deka-alek-boldvin-ne-mozhe-da-si-go-kontrolira-gnevot-08.JPG

Тие дури и се степале, па на крај актерот требаше да му плати 4.500 долари оштета.

Но, го тужеше фотографот за нарушување на приватноста и го доби овој случај.

Во 2021 година, актерот повторно удрил фотограф, а набрзо потоа беше обвинет и од уште еден фотограф за физички напад.

Низ годините, имал низа слични инциденти каде навредувал и пробувал да се степа со фотографи.

tepachki-soobrakjajki-haotichni-momenti-shto-dokazhuvaat-deka-alek-boldvin-ne-mozhe-da-si-go-kontrolira-gnevot-09.JPG

Нападна активистка во Њујорк

Во 2024 година, пред кафетерија во Њујорк, активистка која протестираше против Израел го праша актерот за трагичната смрт на неговата колешка на сетот на филмот Rust.

За потсетување, Алек случајно ја застрелал колешката бидејќи не знаел дека во пиштолот има вистински куршуми.

Додека активистката го снима, му вели да рече „слобода за Палестина“, по што актерот ѝ го удира телефонот и тој паѓа на земјата.

Сепак, овој пат поглем дел од јавноста застана на страна на актерот бидејќи активистката е малку груба кон него и не престанува да го снима додека тој минува покрај неа.

tepachki-soobrakjajki-haotichni-momenti-shto-dokazhuvaat-deka-alek-boldvin-ne-mozhe-da-si-go-kontrolira-gnevot-10.JPG

И колегите го забележувале неговиот гнев

Додека траеше истрагата за пукањето на сетот на Rust, се појавија сведоштва од неколку луѓе кои работеле на филмот.

Повеќето тврдат дека актерот е личност која нема контрола над своите емоции и дека постојано пцуел и викал.

„Тој е маж кој нема апсолутно никаква контрола над неговите емоции и воопшто не му е грижа како тоа влијае врз луѓето околу него“.

Наводно, токму неговото вакво однесување било причина за пропустите во безбедносните проверки на пиштолите кои резултираа со смртта на неговата колешка.

tepachki-soobrakjajki-haotichni-momenti-shto-dokazhuvaat-deka-alek-boldvin-ne-mozhe-da-si-go-kontrolira-gnevot-11.JPG

Прочитајте и: Бурната љубов на Ким Бесинџер и Алек Болдвин: Разводот ја уништи, заради него почна со пластични операции

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Детали за мистериозната смрт на актерот од „Маска“: Имал многу повреди на телото, го поврзуваат со о... Питер Грин, актерот што го глуми негативецот во „Маска“, минатата недела беше пр...
Џони Деп за детството со сурoва мајка: „Ме маваше со чевли, со стапови, но пострашна беше психолошка... „Ме удираше со стап, со чевли, со пепелник, со телефон. Што и да е. Но, ѝ се заб...
По болно раскинување, неколку години е сингл: Зошто таинствениот Мајкл Б. Џордан бега од љубов? „Тазе“ оскаровецот Мајкл Б. Џордан е сингл од 2022-ра, откако раскина двегодишна...
Ентони Хопкинс со вознемирувачки откритија за алкохолизмот: „Ја напуштив ќерка ми, ѓаволот се крие в... Ентони Хопкинс нема допрено алкохол веќе 50 години, но додека да се ослободи од ...
Вели дека е екстремист, се фали дека ги воспитува децата со тепање: Се сеќавате на Алфалфа од The Li... Актерот Баг Хол најпознат по улогата на слаткиот Алфалфа денес има сосема поразл...
Забременила на 15 години, се венчал со неа за да не оди во затвор: Скандалозниот брак на Чарли Чапли... Од четирите бракови на Чарли Чаплин, еден од поскандалозните е оној со Лита Греј...

Најчитани неделава