Бизарни реклами, разголени изданија: Зошто сите почнаа да ја критикуваат (и мразат) Сидни Свини?
Реклама за фармерки што ги разгневи сите
Само неколку месеци по бизарните сапуни, Сидни беше дел од рекламна кампања за американскиот бренд фармерки American Eagle.
Слоганот на кампањата е игра на зборови – пишува дека Сидни има одлични гени. Зборот фармерки на англиски (jeans) се чита исто како зборот гени (genes).
Но, веројатно поради политичката клима во САД, и ова не ѝ се допадна на дел од јавноста.
Односно, оние кои ја нападнаа сметаат дека рекламата кажува дека „само белите жени имаат добри гени“, што на некој начин било промовирање расизам.
Разголен фустан на настан во Лос Анџелес
На настан во Лос Анџелес организиран од магазинот Variety, Сидни Свини се појави во сребрен проѕирен фустан кој го носеше без градник.
Не е ништо ново позната жена да се појави во разголено издание, но Сидни се соочи со критики поради темата на настанот – Power of Women (моќта на жените).
На настанот, таа држеше и говор во кој истакна дека како жена се чувствува потценето во индустријата.
Но, фановите ја критикуваат бидејќи сметаат дека е контрадикторна самата на себе – пробува да привлекува внимание со разголените гради, а не со талентот или она што има да го каже:
„На подиум за настан за моќта на жените држи говор за тоа дека е потценета, а носи фустан кој ѝ го покажува целото тело. Како да се фокусираме на нејзините зборови?“
Претходно Сидни се има пожалено дека била премногу сексуализирана, па дел од јавноста се присети и на овие изјави:
„Откако рече дека не сака луѓето да ја сексуализираат, оди на настан со разголени гради“.
Јавноста почна да ја критикува за глумата
Последно, Сидни се соочува со критики за нејзината изведба во филмот Eden од 2024 година.
Некои коментираат дека нејзиниот акцент звучи како да е „генериран со вештачка интелигенција“, а други ја споредуваат и со Гал Гадот (за која многумина мислат дека не знае да глуми).
Спирова С. | Црнобело
