Бизарни реклами, разголени изданија: Зошто сите почнаа да ја критикуваат (и мразат) Сидни Свини?
- Детали
- среда, 05 ноември 2025
Во последно време, се чини дека што ѝ да направи Сидни Свини, ќе биде соочена со критика. Поради некоја причина, јавноста ја има на мета, па ја напаѓаат и за работи кои не се толку скандалозни. Со какви контроверзии се соочува убавата актерка?

До 28-годишна возраст, Сидни Свини изгради импресивна актерска кариера.
Почна да привлекува внимание со улогите во Sharp Objects и Handmaid’s Tale, а откако доби улога во серијата Euphoria, стана и светска ѕвезда.
Има соработувано со врвни режисери, како Квентин Тарантино, и успева да се снајде во секакви улоги.
Но, во последно време, Сидни привлекува повеќе внимание со контроверзиите, отколку со професијата.
Истовремено, почна да добива и лоши критики за некои понови филмови.
Уште работи со полна пареа и има армија фанови, но некои сметат дека веќе почнал нејзиниот пад од врвот.
Иако повеќето контроверзии се далеку од голем скандал, поради некоја причина, луѓето сè почесто ја критикуваат Сидни, што и да направи.
Кои се најголемите контроверзии поврзани со убавата актерка?
Роденденската забава на мајка ѝ
Критиките насочени кон Синди почнаа да се истакнуваат во 2022 година, поради роденденската забава на нејзината мајка.
Добро познат факт е дека Американците се многу поделени во врска со Доналд Трамп – некои го обожаваат, а некои искрено го мразат.
Па, Сидни и мајка ѝ беа критикувани бидејќи забавата беше инспирирана од слоганот на Доналд Трамп – Make America Great Again (MAGA).
Не дека забавата беше со торта до Доналд Трамп или ништо слично, туку Сидни само го искористила слоганот – Make Sixty Great Again – бидејќи мајка ѝ полнеше 60 години.
Фановите на актерката кои не го поддржуваат Трамп ја нападнаа, на што таа одговори дека многумина погрешно ја сфатиле темата на забавата.
Иако ова е далеку од скандал, оттогаш нејзиното однесување беше ставено „под лупа“.
Бизарните сапуни со вода во којашто се бањала
Во јуни 2025 година, Сидни почна да рекламира бизарен продукт – сапун направен со вода во која се бањала.
Таргет група за продуктот беа машките фанови на серијата The White Lotus.
„Беше забавен проект бидејќи фановите постојано се шегуваа дека сакале од водата во којашто се бањам. Ова е интересен начин да им го дадам тоа што го сакаат. Но, истовремено, да ги охрабрам да водат грижа за себе“. сподели актерката.
Сапуните биле распродадени речиси веднаш, но актерката беше критикувана дека самата се сексуализира, само за да придобие машки фанови.
На ова, таа одговори:
„Главно девојки коментираа лошо, што мислам дека е интересно“.
