Дејвид Бекам емотивен за титулата „витез“ – Викторија горда, син му Бруклин го игнорира и си го рекламира брендот
- Детали
- среда, 05 ноември 2025
Иако Дејвид Бекам доби една од највисоките почести што можат да се добијат во Англија, син му Бруклин не само што не дојде на церемонијата, туку наводно не му се ни јавил за да му честита. Наместо тоа, си го промовираше својот бренд лути сосови.

По долго чекање, Дејвид Бекам вчера (04.11) си ја доби титулата „сер“ откако кралот Чарлс го прогласи за витез.
Церемонијата се одржа во замокот Виндзор, а меѓу присутните беа родителите на Дејвид, Викторија Бекам, како и децата на парот, освен Бруклин Бекам.
Како сопруга на Дејвид, Викторија сега ја носи титулата „леди“, а извори блиски до дизајнерката велат дека со задоволство почнала да ја користи.
50-годишниот фудбалер беше прогласен за витез за неговиот голем придонес во спортот, како и неговата добротворна работа.
За The Sun, фудбалерот вели дека настанот бил мошне емотивен за него, а признава и дека заплакал од радост откако ја добил титулата.
Тој вели и дека ќе му треба време да се навикне луѓето да му се обраќаат со „сер“.
Дејвид додава и дека не ги заборава своите скромни почетоци, што го прави витештвото уште поголема чест.
„Денот беше посебен. Ова е нешто на кое можеме да бидеме горди како семејство. Како дете, отсекогаш сонував да станам професионален фудбалер, сакав да играм за Манчестер и да ја претставувам мојата држава.
Сè што следеше потоа е навистина посебно. Тоа што тука се моите родители, сопругата и децата го прави денот многу емотивен.
Да добијам толку важна почест од неговото височество – еден од најелегантните мажи и некој од најважната и најпочитувана институција во светот…
За мене, да стојам овде пред неговото височество и да бидам прогласен за витез во замокот Виндзор – ова е многу надреален момент“.
Фудбалерот вели и дека нема да престане со добротворната работа.
„Добротворната работа почна кога имав 15 години и почнав да посетувам деца во болници. Продолжив со тоа до денес и ќе продолжам и понатаму бидејќи сметам дека секогаш ќе има криза со безбедноста на децата.
Па, секогаш ќе продолжам со таа важна работа“.
На Инстаграм профилот на кралското семејство беше споделено видео од церемонијата.
Кликнете на објавата за да го изгледате видеото.