Бен Афлек во автомобил со мистериозна убавица, по гласините дека сака да ѝ се врати на бившата Ана Де Армас
Иако ова се само гласини, некои извори велат дека сега, откако Ана раскина со Том Круз, Бен Афлек би сакал повторно да си ја проба среќата.
„Бен Афлек уште има чувства за Ана и смета дека меѓу нив не е завршено. Па, сака да го истражи теренот сега откако таа раскина со Том Круз“, тврди извор близок до актерот.
Бен и Ана се гледаа од 2019 до 2021 година, а раскинале бидејќи имале разни приоритети и замисли за нивната иднина. Проблем им создавало и тоа што ретко се гледале поради работните обврски.
Но, сега Бен сакал да ѝ даде уште една шанса на врската.
„Бен е среќен што е назад во игра. Планира да ја контактира Ана. Само сака да ја разгледа ситуацијата и да виде дали има надеж за втора шанса. Се прашува дали останало нешто меѓу нив бидејќи таа е жена што не може да ја заборави.
Дури и кога беа со Џеј Ло, на пријателите им ја спомнуваше и Ана. Меѓу нив имаше хемија, само што не им се погоди тајмингот“, додава изворот.
Бен и Ана се запознаа додека го снимаа филмот Deep Water и набрзо потоа ја почнаа врската, за да се разделат по година-две.
Оттогаш, изворот вели дека приоритетите на Бен се промениле, па сега можеби и имаат шанса.
„Поминаа речиси пет години, па сега и двајцата размислуваат поинаку. Бен е поприземјен. Додека беа заедно, неговиот живот беше многу хаотичен.
Оттогаш помина низ многу и се чувствува посмирено. Покрај тоа, Ана постигна голем успех откако се разделија, а ова ја прави уште попривлечна за Бен“.
Ни Бен ни Ана се немаат огласено за шпекулациите, а бидејќи и кога беа заедно не откриваа многу детали за врската, веројатно нема ни да зборуваат, дури и ако навистина размислуваат за втора шанса.
Голем дел од времето, Бен минува со Џенифер Гарнер со која има три деца. И, се чувствувал осамено бидејќи е сингл.
„Не е тајна дека Бен е осамен. Сингл е повеќе од една година, и не по негов избор.
Едноставно, нема среќа да најде соодветна партнерка. Затоа гледа кон минатото и е опседнат со Ана“.
Наводно, блиските го советувале да престане да им се враќа на стари врски, по лошото искуство со Џеј Ло.
Џеј Ло, во меѓувреме, сподели дека разводот бил најубавото нешто што ѝ се случило бидејќи ѝ помогнал да созрее.
Прочитајте повеќе: Џеј Ло си ја „отвори“ душата за разводот со Бен Афлек: „Најдоброто нешто што ми се случило, ми помогна да созреам“
Спирова С. | Црнобело