Пирс Броснан му прости на синот зависник, 2 децении откако прекина секаков контакт со него: „Убаво е да се видат заедно“
- Детали
- понеделник, 10 ноември 2025
„Син ми уште е многу изгубен. Знам каде е, но животот му е тежок. Знае како да се извлече од зависноста, но не сака“, изјави Пирс Броснан пред 2 децении, кога одлучи да прекине секаков контакт со најстариот син Кристофер поради неговата зависност од хероин и кокаин.

Пирс Броснан има пет деца од кои едно, ќерка му Шарлот, за жал, почина.
Со најстариот син Кристофер, пак, актерот цели 20 години не беше во контакт, сè до неодамна.
72-годишниот актер го посвои Кристофер во 1986 година. Но, Кристофер имаш сериозен проблем со зависност од дрога, поради што актерот две децении немаше контакт со него.
Сепак, се чини дека по две децении го подобриле односот бидејќи актерот беше забележан на вечра со Кристофер и неговиот најмлад син Дилан.
„Изгледаа расположено и опуштено додека беа на вечера со помладиот син на Пирс. Проблемите на Пирс и Кристофер се добро познати.
Но, изгледа успеале да ги остават зад нив. Беше убаво да се видат заедно“, сподели извор за The Mirror.
Засега актерот се нема огласено за ситуацијата со син му.
Кристофер имаше проблем со зависност од кокаин хероин, а еднаш дури беше и во кома поради предозирање.
Па, во 2005 година, Пирс Броснан одлучи да престане да му дава финансиска поддршка, па дури и да прекине секаков контакт со него.