Пирс Броснан му прости на синот зависник, 2 децении откако прекина секаков контакт со него: „Убаво е да се видат заедно“
„Кристофер до денес е многу изгубен. Знам каде е, но има многу тежок живот. Единствено ми останува да верувам дека ќе се подобри.
Ги провоцира сите членови од семејството, но најмногу си штети самиот. Знае како да се извлечи (од зависноста), но не сака“, изјави тогаш актерот.
Тој додаде и дека иако одлуката не била лесна, сфатил дека тоа е најдоброто за син му, но и за останатите членови од семејството.
„За мене ова е болно… Не можете целосно да отстраните некој од вашиот живот, но јас веќе не му помагам.
Морав да му речам ’Оди живеј, или оди самиот убиј се'. Но, се молам за него“.
Инаку, Кристофер е биолошки син на првата сопруга на Пирс, актерката Касандра Харис, која почина од рак.
Кога почина неговиот биолошки татко, Пирс и Касандра беа во брак, па тој го посвои и го гледаше како свој роден син, дури и по смртта на првата сопруга.
Тој ја посвои и другата ќерка на Касандра, Шарлот.
За жал, Шарлот почина во 2013 година, од рак на јајниците – истата болест со која се бореше и мајка ѝ.
Кристофер работеше во филмската индустрија, а двапати соработуваше и со Пирс.
Но, уште во 1990-тите имаше судири со законот поради возење во алкохолизирана состојба, како и тепачки.
Иако актерот практично се откажа од него, го спомна во 2022 година, во објава за Денот на таткото.
Не е познато што точно се случувало меѓу нив изминативе неколку години, но можеби Кристофер конечно се ослободил од пороците и ја добил прошката од татко му.
Прочитајте повеќе: Ретки фотки од најстариот син на Пирс Броснан – Беше во кома бидејќи се предозира, актерот се откажа од него
Спирова С. | Црнобело