Ејми Шумер се брани откако ги избриша сите фотки пред да ослаби со лекови: „Не е поради вишокот килограми“
- Детали
- четврток, 13 ноември 2025
Откако ги избриша сите фотографии од Инстаграм од периодот пред да ослаби, Ејми Шумер реши да одговори на критиките, тврдејќи дека не ги избришала бидејќи имала вишок килограми.

Ејми Шумер честопати е во војна и со јавноста, и со медиумите, обично бидејќи сака да одговара на критиките насочени кон неа.
44-годишната комичарка е една од многуте славни личности кои драстично ослабеа со лекови како Ozempic.
И, додека добива комплименти за изгледот, се соочи со критики бидејќи на Инстаграм ги избриша сите фотки од периодот кога имаше облини.
До вчера, на нејзиниот профил имаше само објава на која позира во краток црвен фустан.
Но, откако неколку медиуми споделија дека ги избришала сите фотки, Ејми реши да почне уште една војна.
Ејми сподели постара фотка на која носи смешни очила, со долг опис:
„Здраво медиуми, не ги избришав старите фотки бидејќи се од период пред да ослабам. Тоа е наратив што го создадовте вие. Секогаш сум била горда на мојот изглед.
Работев на тоа да се ослободам од болката и конечно успеав. Мојата ендометриоза е подобра. Веќе немам Кушингов синдром, па лицето ми се врати во нормала. Благодарна сум што сум силна и здрава, особено за син ми.
Но, Инстаграм профилот не е нечиј идентитет, туку тоа е изложба на она што сакаме светот да го види, и јас се чувствувам силно и убаво и ми беше забавно да го споделам тоа. Мојот фокус беше моето здравје.
Сигурна сум дека мојата тежина секогаш ќе варира. Јас сум жена во перименопауза на хормонална терапија.
Ви посакувам сила и љубов кон себе, по кој пат и да одите, сè додека тоа е добро и со почит кон другите луѓе. Без разлика на нивната раса или религија!“
Додека во коментари фановите ѝ издржуваат поддршка, на социјалните мрежи некои сметаат дека Ејми претерала со објавата.
Други, пак, сметат дека не е во ред што претходно Ејми промовираше љубов кон себе и прифаќање на вишокот килограми, а сега како да го крие тој дел од нејзиниот живот.
„Без разлика колку ќе ослаби, во неа ќе остане гневната личност“.
„Можеби изгледа добро однадвор, но тоа што во неа сигурно не се променило“.
„Што се случи со прифаќањето на своето тело?“
„Изгледа одлично, но ова ми делува како да го прави личност која е очајна и несигурна“.
Набрзо потоа, Ејми сподели уште една фотка од неа. Овој пат комичарката не изглед заводливо – напротив, фотографирана е во болница и делува преморено.
За разлика од некои ѕвезди кои ја кријат вистината, Ејми отворено зборуваше за тоа дека користи лекови за слабеење за да си го подобри здравјето.
Таа сподели дека прво пробала Ozempic пред околу три години, но многу ѝ се гадело.
Потоа почнала да користи друг лек – Mounjaro – и ослабела 15 килограми, без да чувствува несакани ефекти.
Впрочем, Ејми вели дека ѝ се подобрило и здравјето:
„Косата ми е побујна, кожата ми изгледа подобро. Имам повеќе енергија“.
Спирова С. | Црнобело