Вирално видео: „Обожавател“ ја нападна Аријана Гранде на премиера во Сингапур – упаднал и на концерт на Кети Пери
- Детали
- петок, 14 ноември 2025
Аријана Гранде беше видно вознемирена откако млад дечко истрча кон неа и насилно ја прегрна на премиера во Сингапур. Откако беше уапсен, се дозна дека ова не му е прв ваков инцидент – има упаднато на концерти на Кети Пери и The Weeknd, а лани правел проблеми и на Олимписките игри.

На социјалните мрежи вирално се шири видео од премиерата на Wicked: For Good во Сингапур, каде Аријана Гранде беше нападната од обожавател.
На видеото снимено во вторникот (11.11) Аријана и колешките од филмот се движат по „црвениот“ тепих, кога одеднаш истрчува млад дечко кој насилно ја прегрнува пејачката и почнува да скока.
Синтија Ериво и Мишел Јео, кои стоеја покрај неа, веднаш го оттргнаа и почнаа да ја тешат Аријана која беше видно вознемирена.
На друго видео од истиот инцидент, се гледа како обезбедувањето го изнесува дечкото кој подоцна бил и уапсен.
Иако тој само ја прегрна Аријана и не изгледаше како да сака да ја повреди, инцидентот бил особено стресен за неа, бидејќи уште се справувала со последиците од терористичкиот напад за време на нејзин концерт.
За потсетување, пред нешто помалку од осум години, Аријана настапуваше во арената AO во Манчестер. Концертот заврши со терористички напад, поточно бомбардирање во кое загинаа 22 лица, а имаше над 1.000 повредени.
Голем дел од жртвите беа деца и многу млади фанови на пејачката, а по трагедијата Аријана долг период била во депресија и сега страда од посттрауматско стресно нарушување.
Бидејќи уште чувствувала последици од трагедијата, последниот инцидент во Сингапур бил особено стресен за неа.
Но, она што ја плашело уште повеќе е тоа што се дозна дека дечкото на премиерата воопшто не е фан на Аријана, туку креатор на содржини кој често предизвикува вакви инциденти.
Тој планирал да упадне на премиерата, а споделувал и фотографии со кои го најавувал инцидентот.
На крај, дури и самиот го сподели видеото на Инстаграм со опис:
„Драга Аријана Гранде, ти благодарам што ми дозволи да скокнам на жолтиот тепих со тебе“.
Во коментари, мнозинството корисници го критикуваат дечкото.
„Поради тебе во Азија доаѓаат сè помалку славни личности“.
„По целата траума што ја има преживеано Аријана, ова е големо непочитување. Не само кон неа, туку кон целата екипа и сите фанови. Засрами се“.
„Ништо од ова не е забавно. Престани да допираш луѓе што не ги познаваш“.
„Поради тебе, Аријана веројатно никогаш нема да се врати во Сингапур“.
Дечкото, кој се потпишува како Pyjama man, сподели и Инстаграм Стори на кое се пофали дека бил пуштен од притвор.