Вирално видео: „Обожавател“ ја нападна Аријана Гранде на премиера во Сингапур – упаднал и на концерт на Кети Пери
Според објавите на неговиот Инстаграм профил, ова не е првпат да ѝ упадне на славна личност.
На едно видео се гледа како се качува ан сцена до Кети Пери која, пак, пробува да се оттргне од него.
Има упаднато и на концерт на The Weeknd, а откако истрча кон пејачот и проба да го прегрне, тој побара да го тргнат од сцената.
Минатата година, упаднал и на трка на Олимписките игри, а во 2023-та излегол на терен за време на фудбалски натпревар во склоп на FIFA.
Иако во коментари на неговите објави доминираат критики, во интервју од 2024-та, тој вели дека нема да престане.
Интервјуто е направен по инцидентот на концертот на The Weeknd.
„Неколку луѓе ми имаат речено дека треба да престанам. Ме прашуваат што ќе правам со сите казни и кариерата во иднина. Но, им реков дека нема шанси.
Веројатно никогаш нема да престанам со ова, иако можеби некогаш ќе направам пауза“.
На прашањето зошто воопшто се качи на сцена со The Weeknd, дечкото вели дека само сакал да го запознае пејачот.
„Тoј е најголемиот артист на Spotify. Кога ја купив картата за концертот, тоа ми беше план.
Отидов на концерт бидејќи сакав да се качам на сцената и да го запознаам“.
Тој додава и дека воопшто не жали за ваквите инциденти.
„Знам дека не е во ред, но воопшто не ми е грижа за последиците. Ќе продолжам со ова, иако знам дека е лошо“.
Аријана Гранде сподели фотографии од премиерата во Сингапур, но се нема огласено за инцидентот.
Спирова С. | Црнобело