Тајните за младешкиот изглед на Деми Мур (63), која тврди дека не направила ниту една корекција

Додека Деми Мур тврди дека нема направено никаква корекција на лицето, експертите проценуваат дека има потрошено мало богатство на процедури како фејслифтинг, ботокс и отстранување масно ткиво од образите.

tajnite-za-mladeshkiot-izgled-na-demi-mur-63-koja-tvrdi-deka-ne-napravila-nitu-edna-korekcija-01.jpg

На своја 63-годишна возраст, Деми Мур изгледа подобро од кога било и делува барем една деценија помладо.

Минатата година, актерката имаше голем камбек со филмот The Substance, а на почетокот од 2025-та, People ја прогласи за најубавата жена во светот.

Минатата недела, пак, актерката се појави на премиерата на втората сезона од серијата Landman, каде повторно во фокус беше нејзиниот младешки изглед.

tajnite-za-mladeshkiot-izgled-na-demi-mur-63-koja-tvrdi-deka-ne-napravila-nitu-edna-korekcija-06.JPG

Но, додека пластичните хирурзи и експери сметаат дека има потрошено значителна сума на корекции, вклучително и операција на градите и носот, самата актерка е децидна дека никогаш не отишла „под нож“.

Па, која е тајната зад младешкиот изглед на Деми, според неа?

Уште во 2008 година, Деми откри дека пробува секакви третмани за разубавување кои не вклучуваат операции, ботокс и слични процедури.

Во интервју таа сподели дека одела на третман со пијавици.

„Отсекогаш сум барала третмани кои се фокусираат на здравјето. Кога бев во Австрија, отидов на третман со пијавици.

Тие имаат ензим кој го испуштаат во крвта кога ќе ве гризнат. Ова ја прочистува крвта“.

tajnite-za-mladeshkiot-izgled-na-demi-mur-63-koja-tvrdi-deka-ne-napravila-nitu-edna-korekcija-04.JPG

Деми вели дека обрнува многу внимание на исхраната и дека јаде само сирова веганска храна. Односно, храна од растително потекло која не се готви. Па, и ова имало удел во нејзиниот изглед.

Иако тврди дека сè на неа е природно, Деми има откриено дека предните заби ѝ се вештачки.

„Ги изгуби предните заби. Би сакала да кажам дека е поради нешто кул, како возење скејтборд. Но, мислам дека е важно да го споделам ова бидејќи причината е еден од најголемите убијци во Америка – стрес.

Многу сум благодарна што постои модерната дентална медицина“.

tajnite-za-mladeshkiot-izgled-na-demi-mur-63-koja-tvrdi-deka-ne-napravila-nitu-edna-korekcija-10.JPG

Јавноста почна да ги забележува промените на лицето на Деми во 2021 година, кога беше дел од модна ревија на Fendi.

Тогаш актерката изгледаше мошне чудно, дури непрепознатливо. Образите ѝ беа многу пропаднати, јаболкниците поистакнати од вообичаено, а имаше и чудна форма на устата.

tajnite-za-mladeshkiot-izgled-na-demi-mur-63-koja-tvrdi-deka-ne-napravila-nitu-edna-korekcija-05.JPG

Тогаш се огласија и неколку пластични хирурзи кои се популарни на социјалните мрежи и повеќето беа сигурни дека Деми има направено повеќе од една процедури.

„Иако овој изглед може да се должи на шминката и светлото, изгледа како на Деми да ѝ отстраниле премногу масно ткиво од образите.

Поради ова, филерите во образите изгледаат поразлично и се забележува драстична разлика во нејзиниот изглед“, гласи еден од коментарите на експертите.

tajnite-za-mladeshkiot-izgled-na-demi-mur-63-koja-tvrdi-deka-ne-napravila-nitu-edna-korekcija-1.JPG

Други велат дека веројатно има ставено премногу филери, а некои сметаат дека можеби има направено и фејслифтинг.

Дел претпоставуваат дека Деми почнала да прави корекции на порана возраст, па затоа успева да го задржи младешкиот изглед со минимални интервенции кои не се ни забележуваат.

tajnite-za-mladeshkiot-izgled-na-demi-mur-63-koja-tvrdi-deka-ne-napravila-nitu-edna-korekcija-09.JPG

Но, она што ја „издава“ се филерите во образите кои на некои фотки изгледаат преголеми за контурите на нејзиното лице.

tajnite-za-mladeshkiot-izgled-na-demi-mur-63-koja-tvrdi-deka-ne-napravila-nitu-edna-korekcija-2.JPG

Севкупно, експертите проценуваат дека Деми има потрошено најмалку 250.000 долари на корекции.

Но, актерката со години наназад стои на ставот дека нема направено ништо, како и дека не планира да први.

„Сè е лага. Никогаш не сум направила корекција на лицето. Но, не ги осудувам тие што прават.

Мене, едноставно не ми се допаѓа идејата да правам операција за да го забавам процесот на стареење.

Засега сакам да бидам убава жена која личи на својата возраст, наместо очајно да пробувам да изгледам како да имам 30 години“.

tajnite-za-mladeshkiot-izgled-na-demi-mur-63-koja-tvrdi-deka-ne-napravila-nitu-edna-korekcija-13.JPG

Прочитајте и: „Не, нема да прифатам дека Деми Мур е најубавата жена на светот - со толку многу пластични операции“

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Мрачни детали за Деми Мур што ги открија нејзините ќерки: Се предозирала пред нив, мислеле дека ги м... Бидејќи Ештон Кучер ѝ бил симпатија на Румер Вилис, таа вели дека се чувствувала...
Како Ен Хетавеј стана „најомразената жена во Холивуд“? „Проблемот со Ен е тоа што ако ѝ се доаѓате, тогаш е супер. Ако не ѝ се допаѓате...
Се омажи за него на 17 години, го изневери ден пред свадбата - Кој е првиот сопруг на Деми Мур, чие ... Музичарот Фреди Мур никогаш не стана славен како Брус Вилис или Ештон Качер, но ...
Ја нарекувале „најгрдото дете“, помина 2 недели во затвор: Факти за Софија Лорен (што не сте ги знае... Мајката на Софија Лорен била толку сиромашна, што извесен период живееле под мос...
Родители осудија актерка која создаде маски за лице за мали деца: „Ова е токсично и умоболно“ „Сакав да направам нешто што функционира, а е доволно чисто за да можам да го ст...
Славни личности кои ја изгубија битката со ракот Шенон Доерти водеше долга борба со ракот на дојка. Извесен период, ракот беше во...

Најчитани неделава