Татко ѝ ја оставил на метро станица, во 30-тите се прослави преку ноќ: Тешкиот пат до успехот на Синтија Ериво
Со години, актерката се обидувала да допре до својот татко, да му покаже дека е вредна за неговата љубов, но сè било залудно. На крај, успеала да се помири со тоа дека тој никогаш нема да биде дел од нејзиниот живот.
„Сфатив дека тој маж никогаш не требало да биде татко“.
За среќа, Синтија не останала потполно сама – била блиска со мајка ѝ и сестра ѝ. Но, вели дека нив, пак, им било тешко да ја прифатат нејзината сексуалност.
Синтија се декларира како бисексуалка, но поради стравот од осуди, не се осмелувала да излезе на состанок со жена сè до доцните 20-ти.
Сепак, иако вели дека ова уште е болна тема за неа и семејството, истакнува дека нејзината сестра Стефани ѝ е најголемата поддршка.
„Стефани е прекрасна личност. Не сум запознала друг како неа. Среќна сум што ми е сестра.
Само сакам да ѝ се заблагодарам што веруваше во мене кога јас не можев. Таа ја виде мојата иднина пред мене“.
Со години Синтија работела како театарска актерка, но без некој голем успех. Конечно, во 2015-та добила улога на бродвејска претстава, а токму сестра ѝ ја мотивирала да не се откажува.
Оваа улога ѝ донесе Тони, Греми и Еми награди и, на некој начин, ѝ ја лансира холивудската кариера.
По неколку успешни години на Бродвеј, Синтија ја доби една од главните улоги во Wicked и стана ѕвезда преку ноќ.
Вели дека уште е многу блиска со сестра ѝ и сега, кога е финансиска стабилна, сака да ѝ помогне. Но, истакнува дека на Стефани ѝ е најважна нејзината среќа, а не нејзиното богатство.
„Ми вели дека не сака ништо мое, туку само сака да ја сподели среќата со мене.
Не сака ништо од мене, само да минуваме време заедно. Стефани не ја интересира луксуз, само ја интересира мојата среќа“.
Спирова С. | Црнобело