Ќерката на Брус Вилис, кој има деменција: „Татко ми не ме препознава секојпат, но чувствувам дека има љубов“
- Детали
- петок, 21 ноември 2025
„Благодарна сум што кога одам таму и ќе го прегрнам, независно дали ќе ме препознае или не, тој ја чувствува љубовта што му ја давам и јас ја чувствувам неговата. Уште ја има искрата“ – вели Румер за татко ѝ Брус Вилис (70) кој има деменција и е сместен во дом, а неодамна беше забележан на ретка прошетка низ Лос Анџелес.

Неодамна сопругата на Брус Вилис откри дека тој сега е сместен во дом каде добива 24-часовна нега, заради неговата влошена состојба со деменцијата.
Заради здравствената состојба, која вклучува и афазија, тој има потешкотии со говорот, тешко комуницира, има промени во препознавањето на себеси но и на другите, а однесувањето му наликува на детско.

Сега, неговата ќерка Румер, која ја има од бракот со Деми Мур, откри каква е неговата состојба, во одговор на прашање од фан што го доби на Инстаграм Стори.

Таа признава дека ѝ е тешко што нејзиниот татко не ја препознава секогаш, но не се откажува и секогаш ѝ е убаво кога ќе го прегрне и ќе почувствува дека уште постои љубов, а посебно ѝ се драги посетите со ќерка ѝ Лу.
„Луѓето секогаш ме прашуваат за него. И малку е тешко да се одговори, бидејќи вистината е дека не им оди супер на сите оние кои имаат фронтотемпална деменција.
Но, тој е добро. Добро, во смисол колку што може да биде некој кој се соочува со фронтотемпална деменција.
Некако не можам веќе да одговорам дека е супер, тие параметри не функционираат веќе во мојот ум. Затоа ми е ова интересно прашање и тешко за одговарање.
Многу сум среќна и благодарна што уште можам да одам и да го прегрнам.

Благодарна сум што кога одам таму и ќе го прегрнам, независно дали ќе ме препознае или не, тој ја чувствува љубовта што му ја давам и јас ја чувствувам неговата.
Уште ја чувствувам искрата и убаво е што тој ја чувствува љубовта што му ја давам.
Благодарна сум што можам да одам таму со Лу и да поминеме време со него и да ја почувствувам неговата љубов што ми ја дава и што можам да го сакам и да бидам со него“.
Погледнете го видеото ТУКА.

На почетокот на месецов, Брус беше забележан за време на ретко јавно појавување додека се шета во Лос Анџелес, држејќи го за рака својот негувател.





М. М. | Црнобело