Сопругата на Брус Вилис откри дека тој сега е сместен во дом за нега заради деменцијата: „Најтешката одлука“
- Детали
- петок, 29 август 2025
„Тој е добар генерално, но неговиот мозок и говор го изневеруваат... Знам дека тој би сакал неговите ќерки да растат во дом кој е создаден за нив, а не за него. Најтешката одлука беше да го разделам од нашето семејство, во дом каде добива 24-часовна грижа“ – откри Ема, сопругата на Брус Вилис (70), за актерот кој страда од деменција.

Брус Вилис страда од афазија, а во 2023-та семејството откри дека тој има и деменција – заради здравствената состојба, тој има потешкотии со говорот, тешко му оди комуникацијата, има промени во препознавањето на сопствената личност, како и во однесувањето, кое наликува на детско.

Иако сопругата Ема Хеминг Вилис и ќерките, па и поранешната сопруга Деми Мур, сите беа фокусирани на него и максимално му посветуваа внимание, неговата состојба сепак повеќе не била за домашна нега.

Актерот сега живее во друг дом, одвоен од семејството, каде добива 24-часовна грижа, а сопругата открива дека тоа била најтешката одлука, но сепак правилна.
„Брус би го сакал тоа за нашите ќерки. Тој сигурно би сакал тие да живеат во домот кој е создаден за нивните потреби, а не за неговите“ – изјави Ема во интервју со Дајен Сојер, опишувајќи го домот како „исполнет со љубов, топлина, грижа и смеа“ и додаде дека неговите пријатели продолжиле да го посетуваат и да му го разубавуваат животот.

Таа открива дека кога дознала за неговата дијагноза била многу испаничена, додека процесирала дека мозокот полека му откажува.
„Мислам дека Брус не ги поврза работите кога го слушна тоа. Инаку, тој моментално е генерално во добра општа здравствена состојба, подвижен е, само неговиот мозок го изневерува.
Имаме посебен начин на комуницирање со него, на различен начин, но благодарна сум што мојот сопруг е уште тука, присутен“ – споделува Ема.

Во изминатите години таа беше целосно посветена на грижата за Брус, а открива дека кај него првите знаци биле тоа што станал молчелив, не зборувал многу, а се повлекол и од семејните собири.

За целото искуство таа напиша и книга насловена „The Unexpected Journey“ (Неочекуваното патување), која ќе биде издадена на 9-ти септември.

Прочитајте и „Сфатив дека никогаш нема да биде присутен на мојата свадба“: Ќерката на Брус Вилис емотивна за неговата болест
М. М. | Црнобело