Детали за скандалот со донации на инфлуенсерката Кјара Ферањи – може да помине и 20 месеци во затвор

Во соработка со слаткарница, Кјара Ферањи промовираше божиќни торти со порака за поддршка на болница во Торино. Тортите беа поскапи од вообичаено, па јавноста мислеше дека со секоја купена, донира за болницата. Во реалноста, Кјара заработила еден милион евра од договорот, а болницата завршила со многу помала сума...

detali-za-skandalot-so-donacii-na-influenserkata-kjara-feranji-mozhe-da-pomine-i-20-meseci-vo-zatvor-01.jpg

Кјара Ферањи се вбројува меѓу најпознатите инфлуенсерки во светот, но сега можно е да заврши и во затвор поради измама поврзана со донации.

Откако изби скандалот, Кјара почна да губи следбеници, почна да губи договори со брендови и нејзиното богатство од 75 милиони евра почна да се намалува.

На 25-ти ноември таа беше и на суд, каде што обвинителите побараа 20-месечна затворска казна за инфлуенсерката.

Па, што точно се случи?

Кјара Ферањи е меѓу првите модни блогерки

Кјара го лансира својот моден блог уште во 2009-та, кога повеќето од нас не ни знаеја што е тоа блог.

Како студентка опседната со мода, објавите на Кјара брзо почнаа да привлекуваат внимание поради тоа што споделуваше детали до приватниот живот, но и бидејќи ги пишуваше текстовите на англиски и италијански.

Тој период брендовите уште немаа навика да соработуваат со инфлуенсери. Но, до 2014-та, Кјара имаше над 3 милиони Инстаграм следбеници што ја правеше релевантна во бизнисот.

detali-za-skandalot-so-donacii-na-influenserkata-kjara-feranji-mozhe-da-pomine-i-20-meseci-vo-zatvor-05.jpg

Во 2015 година, таа стана првата блогерка која се појавила на насловна страница на Вог.

Нејзината венчавка три години подоцна беше огромен настан што го следеа и луѓе преку социјалните мрежи, па почнаа да ја нарекуваат „Ким Кардашијан од Италија“.

Дотогаш, веќе имаше соработки и со најпознатите светски брендови, како Dior и Valentino.

Очигледно, успешната работа ѝ носеше и многу пари, па нејзиното богатство беше проценето на 75 милиони евра.

detali-za-skandalot-so-donacii-na-influenserkata-kjara-feranji-mozhe-da-pomine-i-20-meseci-vo-zatvor-04.jpg

Што се крие зад скандалот со донациите?

Покрај модата, Кјара Ферањи стекна репутација и на личност која се грижи за помалку среќните.

Користејќи ја својата популарност, организираше бројни донаторски акции, па беше скандалозно кога се дозна дека била вмешана во измама со донации.

Во 2022 година, Кјара соработуваше со слаткарница од Италија.

Во склоп на соработката, слаткарницата правеше божиќни торти со розов шеќер, а ги продаваше со натпис „Поддржете ја болницата Regina Marherita во Торино“.

detali-za-skandalot-so-donacii-na-influenserkata-kjara-feranji-mozhe-da-pomine-i-20-meseci-vo-zatvor-09.jpg

Кјара ги промовираше тортите со истиот слоган.

Очигледно, оние кои ги купуваа тортите мислеа дека дел од сумата се донира за болницата во Торино.

Но, следната година, Кјара беше обвинета дека ја довела јавноста во заблуда.

Во реалноста, слаткарницата направила само една донација од 50.000 долари за болницата, додека на Кјара ѝ исплатиле еден милион евра за соработката.

Кјара доби казна од 1 милион долари, но многу повеќе претрпе нејзината репутација.

detali-za-skandalot-so-donacii-na-influenserkata-kjara-feranji-mozhe-da-pomine-i-20-meseci-vo-zatvor-10.jpg

Тортите што ги промовираше се традиционален италијански божиќен колач кој во Италија се продава по цена од околу три евра.

Но, тортите што ги промовираше Кјара беа многу поскапи – по девет евра.

Па, луѓето кои платиле повеќе со надеж дека помагаат, многу се разгневија.

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

„Бев една од жртвите на Р. Кели, раперот полош и од Диди – од 13 години ме држеше како робинка, тетк... Решона Ландфер е една од многуте жртви на Р. Кели и вели дека раперот почнал да ...
Побарал помош кога се разбудил во локва крв, се дрогирал со лепило на 11 години – бруталното минато ... Том Харди почнал да експериментира со дрога на само 11-годишна возраст, а веќе д...
Од анонимен статист, до ѕвезда што ја освои и Зендеја: Како Џејкоб Елорди стана најпосакуваниот ерге... Во период од само неколку години, Џејкоб Елорди стана еден од најбараните холиву...
„Врескав додека ме изнесуваа од дома“ – Исповед на ќерката на Дејвид Боуви, која на 14 години ја одн... Ќерката на Дејвид Боуви со трогателна исповед за рехабилитацијата: „Во писмото о...
Ја освои Карла Бруни, спиел со над 4.000 жени, сега има 44 години помлада девојка: Љубовниот живот н... Поранешната сопруга ја изневери со Карла Бруни, девојката што искрено ја сакаше ...
Мислеа дека ќе раскинат, но заедно се 3 децении: Зошто сите сакаат љубов како на Харисон Форд (82) и... Кога ја почнаа врската, сите предвидуваа дека ќе се разделат бидејќи Харисон има...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg