Детали за скандалот со донации на инфлуенсерката Кјара Ферањи – може да помине и 20 месеци во затвор
Кјара проба да се извини со емотивно видео на Инстаграм изјавувајќи дека не станува збор за измама, туку недоразбирање.
Сподели и дека ќе ги донира парите од соработката во болницата, како и дека казната што ја добила е нефер.

Видеото не ѝ го даде очекуваниот резултат на Кјара, па оние кои ја следеа, почнаа да ја уништуваат.
Наместо комплименти и коментари со поддршка, почнаа да коментираат дека носи премногу шминка, дека носи прескапа облека и дека нејзиното оправдување е бедно.
Набрзо потоа Кјара почна да губи соработки со бендови, а со тоа и пари.
Во меѓувреме ,почна да се шпекулира дека Кјара била дел и од други слични измами со донации.
Па, до крајот на 2024 година, имаше платено 3,4 милиони евра за казни и тужби против неа.

Сега обвинителите бараат затвор
На 25-ти ноември, Кјара се појави во судница во Милано за случајот со тортите. Обвинителите побараа затворска казна во траење од 20 месеци,
Кјара уште не добила пресуда, но на излегување од судницата даде кратка изјава:
„Секогаш сме делувале со добра намера, никој не профитирал од ова. Јас верувам во себе, не можам да кажам ништо повеќе“.

Нејзиниот адвокат, пак, сподели дека „вистината ќе излезе на виделина“.
Кјара повторно треба да се појави на суд на 19-ти декември, а се очекува пресудата да биде донесена во јануари.
Откако изби скандалот, Кјара се држи настрана од јавност, но периодов како да пробува да се врати на модната сцена, промовирајќи соработки со брендови.

Спирова С. | Црнобело
