Памела Андерсон критикувана за новиот изглед + сподели детали за врската со Лиам Нисон
- Детали
- среда, 10 декември 2025
„Ако морате да знаете, јас и Лиам имавме кратка врска, но само откако завршивме со снимањето“, сподели Памела Андерсон во ново интервју. Таа ја покажа и новата фризура и додека некои имаат само комплименти, други ја критикуваат дека изгледа постаро отколку што е.

Памела Андерсон повторно го промени имиџот – овој пат русата коса ја замени со локни со црвена нијанса.
Во новото издание на магазинот People, 58-годишната актерка позира со новата фризура, секако, без шминка.
Во интервјуто, Памела вели дека „убавината е субјективна“ и иако изгледа мошне добро, на некои не им се допадна нејзината трансформација.
Некои ја коментираат нејзината нова фризура, а други велат дека би требало да почне да користи шминка.
„Ми се допаѓа сè, но фризурата едноставно не е добра‘.
„Мислам дека не е лошо да ставиш малку шминка“.
„Доста е, славните ќе направат сè за малку внимание“.
Сепак, доминираат позитивните коментари и пофалбите не само за изгледот на Памела, туку и сè што постигна изминативе неколку години.
„Ова ти е најдобриот изглед досега“.
„Мислам дека изгледа како нормална жена на нејзина возраст, без слоеви шминка и огромни трепки. Се истакнува со нејзината природна убавина“.
„Освежување е да се види природен изглед“.
За People, Памела истакна дека нема ништо против шминката, но дека во минатото ја користела како заштита, за да се скрие зад неа.
Сега, кога ја прифатила својата природна убавина, вели дека почувствувала потполно нов вид на слобода.