Памела Андерсон критикувана за новиот изглед + сподели детали за врската со Лиам Нисон
„Не мислам на тој како изгледам. Создавам лик и мислам дека сум во некаква транзиција.
Некогаш ќе се погледнам во огледало и ќе си помислам ’Боже, кој е тоа?‘. Но, зарем не е тоа забавно?“ - вели актерката.
Памела додава и дека сега ја гледа убавината во луѓето со уникатни лица, како и луѓето кои се повозрасни, како неа.
Актерката прозборе и за врската со Лиам Нисон – колегата од новото продолжение на The Naked Gun.
Лиам Нисон не бил во врска од 2009 година, кога неговата сопруга Наташа загина во скијачка несреќа.
Па, беше изненадување кога почна да се шпекулира дека почнал да се гледа со Памела.
Сега, актерката првпат призна дека во шпекулациите имало и доза вистина.
„Ако мора да знаете, јас и Лиам имавме кратка врска, но само откако завршивме со снимањето“.
Актерката вели дека поминале цела недела заедно во неговиот стан во Њујорк, но додаде дека таа спиела во посебна соба.
„Имав моја соба. Со нас беа и нашите асистенти, дури и моето семејство помина на гости…
Отидовме на вечера во мал француски ресторан, каде што Лиам ме претстави како ’идната госпоѓа Нисон‘.
Минувавме време во неговата градина, бев среќна да му помогнам со растенијата, тој ја ценеше мојата помош“.
По романтичната недела, Памела вели дека се разделиле бидејќи и двајцата имале други ангажмани.
Потоа повторно се виделе за време на промоцијата на филмот The Naked Gun, каде со постојаните прегратки и допири ги разгореа гласините дека се пар.
„Ни беше забавно. Секогаш им се смеев на луѓето кога велеа дека тоа беше маркетиншки трик. Но, не, тоа беше реално.
Имавме вистински чувства. Го обожавам Лиам, но искрено, подобри сме како пријатели“.
Иако не се во врска, Памела вели дека се надева дека патиштата повторно ќе им се сретнат.
„Тој ја поддржува оваа нова траекторија во мојата кариера и ми кажуваше колку е горд на мене. Сигурна сум дека засекогаш ќе биде во мојот живот“.
Спирова С. | Црнобело