Славни личности од Македонија и светот што ги изгубивме во 2025-та
- Детали
- сабота, 20 декември 2025
Во пожарот во Кочани згаснаа премногу млади животи, а загинаа и Андреј и Панчо од дуото ДНК. Трагедијата не ја преживееја и поголем дел од членовите на нивниот бенд.

2025-та ќе остане запаметена по една од најголемите трагедии во нашата земја – пожарот во дискотеката во Кочани во кој загинаа над 60 лица, а повеќе од 100 се здобија со сериозни повреди.
Најголем дел од нив беа млади, некои уште и тинејџери, а меѓу жртвите се и поголем дел од артистите настапуваа таа вечер.
Годинава загубивме и светски познати личности од кои дел на прерана возраст, како актерката Мишел Трахтенберг.
Познати личности од светот и регионот што ги изгубивме во 2025-та:
Мишел Трахтенберг
Актерката од Gossip Girl и Buffy the Vampire Slayer почина на 26-ти февруари, на само 39-годишна возраст.
Точната причина за смртта не е споделена со јавноста, но според некои извори, актерката имала трансплантација на црн дроб и веројатно настанале компликации по операцијата.
Џин Хакман
На истиот ден како Мишел, почина и актерот Џин Хакман, и тоа во мошне чуди околности.
95-годишниот актер беше пронајден мртов, заедно со неговата 63-годишна сопруга.
Тие живееја релативно изолирано и прво починала неговата сопруга. Бидејќи актерот имаше проблеми со здравјето, не можел да се грижи за себе, па набрзо потоа починал и тој.
Според последните информации, неговата сопруг починала од редок вирус што го пренесуваат стаорци.
Саша Поповиќ
Основачот на продукција „Гранд“ почина на 70-годишна возраст, на 1-ви март.
Во период од околу една година, Саша водеше тешка битка со рак и се лекуваше во Париз.
Андреј Ѓорѓиески
Андреј Ѓорѓиески од дуото ДНК е една од многуте жртви во пожарот во дискотеката во Кочани.
Тој загина на 16-ти март, на само 43-годишна возраст.
Иако првично излегол од локалот, наводно се вратил за да им помага на други луѓе.
Утрото по кобната ноќ се шпекулираше дека можеби преживеал, но за жал неговата смрт беше потврдена истиот ден.
Вал Килмер
На 1-ви април, ѕвездата од Batman и Top Gun почина на 65-годишна возраст.
Во 2015-та тој беше дијагностициран со рак на грлото и иако ја победи болеста, имаше проблеми со говорот.
Според неговата ќерка, актерот починал од пневмонија.
Џулијан Мекмахон
Џулијан Мекмахон почина на 2-ри јули, на 56-годишна возраст.
Веста ја потврди неговата сопруга, која откри дека актерот имал рак – болест што успешно ја криеше од јавноста.
