Славни личности од Македонија и светот што ги изгубивме во 2025-та
Ози Озборн
На 22-ри јули, почина Ози Озборн на 76-годишна возраст.
Познатиот музичар имаше низа проблеми со здравјето, а неговата сопруга, Шерон, откри дека причина за смртта бил инфаркт.
Тој примал многу лекови, вклучително силни инјекции со антибиотици, за кои Шерон верува дека му ја влошиле состојбата.
Хулк Хоган
Годинава го изгубиме ви можеби најпознатиот борач во светот – Хулк Хоган.
Тој почина на 24-ти јули, на 71-годишна возраст, од инфаркт.
Габи Новак
На 11-ти август почина хрватската пејачка Габи Новак, на 89-годишна возраст.
Само еден месец претходно, почина нејзиниот син Матија Дедиќ и, според хрватските медиуми, не можела да ја преболи смртта и „починала од тага“.
Роберт Редфорд
Познатиот актер почина на 16-ти септември, на 89-годишна возраст.
Неговото семејство не ја откри причината за смртта и единствено споделија дека починал во неговиот дом.
Халид Бешлиќ
Познатиот пејач Халид Бешлиќ почина на 7-ми октомври, на 71-годишна возраст.
Во последните години од животот се соочуваше со сериозни здравствени проблеми, а според некои медиуми, бил сместен во оддел за онкологија во Сараево.
Дајен Китон
Оскаровката Дајен Китон почина на 11-ти октомври, на 79-годишна возраст.
Во животот, актерката неколкупати имаше рак, но причина за смртта е пневмонија.
Владимир Блажев – Панчо
На 14-ти октомври, почина и Владимир Блажев – Панчо од дуото ДНК.
Музичарот е уште една од многуте жртви во пожарот во дискотеката во Кочани и седум месеци се бореше за живот.
Последните денов и од ги помина во приватна клинка во Скопје, каде му беа направени неколку операции. За жал, им подлегна на повредите.
Меѓу загинатите се и други членови од бендот на ДНК – Сара Пројковска, Ѓорѓи Ѓорѓиев, Филип Стевановски и Александар Коларов.
Спирова С. | Црнобело
