Најскапите први фотки од бебињата на славните – Џоли и Пит добиле 14 милиони долари за близнаците
- Детали
- недела, 21 декември 2025
Анџелина Џоли и Бред Пит добија дури 14 милиони долари за ексклузивна фотосесија со близнаците Вивиен и Нокс. Тие добија солидни суми и за фотките од другите деца.

Кога славен пар ќе добие дете, моќните медиуми, главно од САД, се подготвени да платат многу пари за ексклузивни фотки.
Ако, пак, е во прашање светски познат пар, без проблем одвојуваат и милиони.
Па, кои славни парови заработиле најмногу од ексклузивните фотки од нивните бебиња?
Бред Пит и Анџелина Џоли
Пред бурниот развод, Бред Пит и Анџелина Џоли беа омилениот славен пар.
Во 2008 година, тие ги добија близнаците Вивиен и Нокс, а американските медиуми се наддаваа за тоа кој ќе има ексклузива за првите фотки од бебињата.
На крај, магазините People и Hello! Направија договор и заедно му платија на парот дури 14 милиони долари за фотосесија со бебињата.
Џеј Ло
Истата година, и Џеј Ло доби близнаци – Макс и Еме – со тогашниот сопруг Марк Ентони.
Ексклузивните фотки повотрно завршија кај магазинот People, кој им исплатил помеѓу 4 и 6 милиони долари.
Повотрно Џоли и Пит
Џоли и Пит заработија милиони и за ексклузивните фотки за нивното прво дете, ќерката Шајло.
Фотографиите беа објавени во магазинот People за што парот добил 4 милиони долари.
Метју Меконахи и Камила Алвес
Повторно во 2008 година, и Метју Меконахи и сопругата Камила добија дете, синот Леви.
За ексклузивните фотки објавени во магазинот Hello! Тие добија 3 милини долари.