Најскапите први фотки од бебињата на славните – Џоли и Пит добиле 14 милиони долари за близнаците
Џоли и Пит по третпат
Во 2007 година, Анџелина Џоли и Бред Пит го посвоија синот Пакс.
Тие направија ексклузивна фотосесија за магазинот People кратко откако се вратија со детето од Виетнам.
На фотките го нема Бред, туку само Џоли, а за ова добиле 2 милиони долари.
Ен Никол Смит и Лери Биркхед
Ен Никол Смит и Лери добија ќерка во 2006-та, но следната година, Ен почина од предозирање со дрога.
По нејзината смрт, Лери одлучи да направи договор со магазинот OK! и продаде фотки од нивната ќерка за 2 милиони долари.
Кристина Агилера
И, уште едно бебе родено во 2008 година, овој пат на Кристина Агилера и нејзиниот поранешен сопруг Џордан.
Кристина позираше за насловната страница на магазинот People со новороденчето, за што добила 1,5 милиони долари.
Џесика Алба и Кеш Ворен
2008-ма дефинитивно е година на славни бебиња, бидејќи Џесика Алба и Кеш Ворен добија ќерка.
Првата фотосесија со девојчето ја направија за магазинот OK! за што добија 1,5 милиони долари.
Спирова С. | Црнобело