Се однесува како разгалена дива, вработените ја мразат: Помалку познати факти за Кристина Агилера
- Детали
- недела, 21 декември 2025
Кристина Агилера со години страдала од депресија, а пораснала во дом со многу насилство. Вработените, пак, ја опишуваат како разгалена дива и честопати давале отказ.

Кристина Агилера се прослави кон крајот на 1990-тите, а во раните 2000-ти беше меѓу најголемите музички ѕвезди.
Важи за еден од најдобрите вокали, а може да се пофали со низа престижни музички награди.
Но, иако е една од најпопуларните пејачки, има детали од нејзиниот живот што не се многу познати.
Факти за Кристина Агилера:
Мајка ѝ била жртва на семејно насилство
Уште од почетокот на кариерата, Кристина Агилера зборува за насилството што го трпела мајка ѝ од нејзиниот татко.
„Гледав како мајка ми мораше да му се потчинува на татко ми. Во спротивно ја тепаше“, има изјавено во интервју.
Ова трауматично искуство ја направило борец во животот.
„Растејќи во ваква околина можете или да бидете толку оштетени од траумата што ќе си го уништите животот, или може да се охрабрите и да донесувате одлуки што нема да ве стават во таква ситуација“.
Во 2002 година, инспирирана од траумите од детството, таа ја издаде песната I’m OK, посветена на нејзиниот татко.
„Не ја напишав песната за да го навредам татко ми. Песната беше како дел од моето закрепнување, а сакав и да им дадам надеж на луѓето кои се во иста положба.
Да знаат дека можат да го надминат сето тоа и дека ќе бидат во ред“.
Страдала од депресија
Во 2010 година, во интервју, пејачката откри дека скоро целиот живот страда од депресија.
„Да, водам битка со депресија. Тоа е нешто што секогаш се крие веднаш под површината. И, некогаш тоа место на тага и мрак делува дури и привлечно“.
Сепак, признава дека кога има депресивна епизода, знае да се однесува дури и деструктивно.
„Дефинитивно не го избирам безбедниот пат“.
Се шпекулираше дека имала проблеми со алкохолизам
Во 2011 година, Кристина беше уапсена поради недолично однесување во јавност под дејство на алкохол.
Беше уапсен и нејзиниот тогашен свршеник, за возење автомобил во алкохолизирана состојба.
Овој период се шпекулираше дека пејачката има сериозен проблем со алкохолизам, а по апсењето, блиските ја молеле да отиде во центар за лекување.
Кристина се нема огласено за наводниот проблем, но изминативе неколку години се чини дека е во ред.