Се однесува како разгалена дива, вработените ја мразат: Помалку познати факти за Кристина Агилера
Тешко го преболе разводот
Кристина Агилера беше во брак со музичкиот продуцент Џордан Братман. Се венчаа во 2005-та, а се разведоа во 2011 година.
Наводно, нивниот брак се растурил поради неверствата на Кристина, но некои извори тврдеа дека тие имале отворен брак.
Според изворите, Кристина постојано носела девојки дома, па за Џордан ова станало премногу и решил дека е најдобро да се разведат.
Кристина нема откриено зошто се развеле, но сподели дека тешко ја поднела разделбата.
„Не е лесно. Имаше многу солзи и тага. Во деновите кога ми беше тешко да станам од кревет, пријатели им помагаа да продолжам понатаму“.
Се зборува дека била многу тешка за соработка
Кристина Агилера беше дел од шоуто за таленти The Voice и наводно се однесувала ужасно со колегите.
„Кошмар е да се работи со Кристина. Постојано доцни и не ни пробува да се извини што го кочи снимањето.
За да биде уште полошо, постојано се расправа со другите од жирито“.
Пејачката се однесувала и како „разгалена дива“ и имала нереални барања.
„Кога атмосферата ќе стане напната, шминкерите одат да ја шминкаат за да нема можност да почне да се жали или да вика…
Ако почне да прави сцени со другите од жирито, шминкерите се како луѓе од брза помош кои одат да ја смират“.
Била ужасна и кон своите вработени
Според изворите, уште полошо им било на луѓето кои биле вработени од Кристина Агилера.
„Многу е неучтива, има нереални барања и ужасно се однесува со нејзините вработени. Ги буди дадилките и помошничките во домот за банални работи.
Еднаш му се јави на маж од послугата за да дојде и да ѝ подаде крпа што беше на една метар од неа“.
Изворот додава дека нејзиниот сопруг Мет Рутлер бил целосна спротивност:
„Прави сè што може за да надомести за нејзиното лошо однесување. Ако не беше тој, Кристина ќе ги изгубеше сите вработени“.
Спирова С. | Црнобело