Бредли Купер ја запросил Џиџи Хадид: „Побара дозвола од мајка ѝ, планираат да се венчаат следната година“
- Детали
- вторник, 23 декември 2025
„Бредли ја праша мајка ѝ Јоланда дали може да ја побара Џиџи за сопруга. Сака да ѝ покаже на Јоланда колку е сериозен за нивната врска и дека планира да изгради стабилно семејство со неа“, открива извор за Daily Mail според кој Бредли и Џиџи веќе се свршени и планираат свадба.

По околу две години заедно, Бредли Купер наводно ја запросил Џиџи Хадид, а дури планирале и да се венчаат следната година.
Според изворите на Daily Mail, 50 годишниот Бредли дури побарал дозвола од мајка ѝ на Џиџи – Јоланда.
„Бредли ја праша Јоланда дали може да ја побара Џиџи за сопруга. Сака да ѝ покаже на Јоланда колку е сериозен за нивната врска и дека планира да изгради стабилно семејство со неа во Њујорк“, вели изворот.
Актерот е мошне близок со неговата мајка, Глорија, па најпрво ги споделил плановите со неа.
„Тие се многу блиски и Бредли секогаш прво се консултира со неа“, додава изворот.
Наводно, запросувањето не било некое големо изненадување, бидејќи Џиџи и го очекувала големото прашање од саканиот.
Уште пред свршувачката и таа разговарала со мајка си, но и со нејзиниот татко Мохамед Хадид.
„Мајка ѝ Јоланда се согласува со нив, па не беше загрижена кога ќе ѝ каже.
Но, тоа што Џиџи му кажа на татко ѝ дека сака да се венча со Бредли е огромен чекор, ја прави свршувачката многу поофицијална“.
Според изворот, иако Џиџи и Бредли биле среќни и сега, сакале да се венчаат поради нивните деца бидејќи сакале да растат заедно.
За потсетување, Бредли има осумгодишна ќерка со Ирина Шајк, додека Џиџи има петгодишна ќерка што ја доби со Зејн Малик.
Засега тие немаат спомнато ништо за свршувачката, а нивните портпароли не одговарале ни на медиуми.
Не е познато кога точно се случила наводната свршувачка, но Џиџи и Бредли последен пат беа забележани викендов, на бродвејска претстава во Њујорк.
Фатени за рака, изгледаа вљубено, како и на секое нивно појавување во јавност.
Иако Џиџи и Бредли се заедно од октомври 2023-та, првпат споделија заедничка фотка дури во април годинава.
Околу еден месец претходно, Џиџи зборуваше за врската со Бредли во интервју за Vogue:
„Бредли ме мотивира почесто да одам на театар и убаво е што повторно го правам тоа… Се чувствувам среќно поради него.
Го почитувам многу како креативна личност и сметам дека ми дава многу, ме охрабрува и ми ја враќа вербата“.
Претходно, од 2015 до 2017 година Бредли беше во врска со Ирина Шајк и заедно добија ќерка.
Џиџи, од друга страна, беше со Зејн Малик речиси шест години, пред да се разделат во 2021-ва. И тие имаат ќерка.
Прочитајте и: Само еднаш бил во брак, близок е со сите бивши: Докази дека Бредли Купер е „безнадежен романтичар“
Спирова С. | Црнобело