Семејна драма како од сапуница: Дали Марлон Брандо е биолошкиот татко на синот на Мајкл Џексон?
- Детали
- сабота, 17 јануари 2026
Отсекогаш постоело прашањето дали Мајкл Џексон е биолошки татко на неговите деца. Но, сега има и нова, побизарна теорија – биолошкиот татко на најмалото дете на пејачот е Марлон Брандо кој му беше близок пријател на Мајкл.

И 17 години по смртта на Мајк Џексон, постојано се провлекува истото прашање – дали тој е биолошкиот татко на неговите деца?
За јавноста е познато дека пејачот ги доби синот и ќерката Принц и Парис со неговата втора сопруга, Деби.
Но, се шпекулира дека Деби беше само сурогат мајка. Односно додека Мајкл е биолошкиот татко на Принц и Парис, Деби не е нивна биолошка мајка.
Има гласини и дека ни Мајкл не е биолошки родител на Принц и Парис.
Најмалото дете на пејачот, Бланкет, е добиено со помош на сурогат мајка чиј идентитет не е познат.
Но, отсекогаш се шпекулирало дека Мајкл воопшто не е негов биолошки татко.
Во уште побизарен пресврт во целата мистерија, сега почна да се зборува дека биолошкиот татко на Бланкет е никој друг, туку Марлон Брандо.
„Принц и Парис се свесни за ова. Многу е чудно, но изгледа како да се склопуваат сите делчиња од сложувалката.
Сите пробуваат да ја разберат целата ситуација“, открива извор за магазинот The Sun.
Иако не е првпат да се зборува за оваа тема, сега изворите на The Sun тврдат дека имаат цврсти докази.
Мајкл и Марлон Брандо беа блиски пријатели, па изворите велат дека актерот само сакал да му помогне и ја донирал својата сперма.
Почнаа да се прават споредби и помеѓу Бланкет и децата на Марлон Брандо кои според многумина навистина си личат.