Семејна драма како од сапуница: Дали Марлон Брандо е биолошкиот татко на синот на Мајкл Џексон?
За тоа колку биле блиски Мајкл Џексон и Марлон Брандо, има откриено и едно од децата на актерот.
„Последниот пат кога татко ми излезе од дома беше за да оди кај Мајкл Џексон. Многу сакаше да оди кај него.
Имаше готвач обезбедување, помош, услуги кои му беа достапни 24 часа. Мајкл сакаше да му помага на татко ми во последните години од животот. Поради ова, засекогаш ќе му бидам должен“.
Еден од синовите на Марлон Брандо
Но, според новите извори, близината меѓу ѕвездите била многу поголема, па двајцата имале тајна што ја „однеле во гроб“.
„Со години се зборува дека Мајкл користел донори за сперма за сите негови деца. И деновиве ова е прифатно и како факт, без разлика што кажува неговото семејство.
Но, досега никој не спомнал дека Марлон Брандо е меѓу луѓето кои му помогнаа да стане татко, бидејќи самиот не беше во можност. И двајцата беа огромни ѕвезди, многу беа блиски, па и многу си веруваа.
Токму поради ова вистината се криеше толку долго, но мал број луѓе отсекогаш знаеле“.
За Марлон Брандо е познато дека има најмалку 11 деца кои се резултат од многуте афери, па наводно не му пречело ако има уште едно биолошко дете.
Според изворите, Мајкл не само што имал проблеми со плодноста, туку и самит секс му бил одбивен. Па, затоа користел сурогат мајки, но и донори од сперма.
Додека постарите деца на Мајкл се колку-толку присутни во шоубизнисот, Бланкет се држи настрана од јавност, а нема ни профили на социјалните мрежи.
И, без разлика дали е биолошки син на Мајкл Џексон, сепак има големо наследство од него, исто како брат му и сестра му.
Прочитајте и: Имал афери со мажи, добил 11 деца од неколку жени: Бурниот љубовен живот на Марлон Брандо
Спирова С. | Црнобело