Шон Пен (65) ја покажа 34 години помладата девојка и покрај осудите, откако ја прекрши забраната за пушење на Златни глобуси
Во 2024 година, на Меѓународниот филмски фестивал во Маракеш, Мароко, актерот не престана да пушти за врме на целата негова прес-конференција.
Но, веројатно не изненадува што Шон Пен ги прекршува правилата, бидејќи со децении наназад важи за „најголемиот лудак во Холивуд“.
Има напаѓано новинари и колеги, се шпекулира дека бил насилен кон Мадона додека беа во врска, а се има соочено и со обвинение за сексуално вознемирување.
Што се однесува до неговата нова љубов, актерот одбива да коментира за нивната врска.
Познато е дека работи како актерка и модел, а се има појавено и во серијата Emily in Paris.
Зборува четири јазици, а според нејзините објави на Инстаграм, едно од најголемите хобија ѝ е јавањето коњи.
Кратко пред да открие дека е во врска со неа, Шон Пен сподели дека е среќен сингл и дека ужива во секој ден.
„Веќе нема да бидам повреден. Не гледам поента во тоа некој повторно да ми го скрши срцето“, сподели во интервју во јуни 2024-та.
Но, помалку од три месеци подоцна, актерот беше фотографиран со новата девојка.
Како него, таа одбива да дава изјави, но некои се сигурни дека е со него само за неговите пари, особено кога ќе се земе предвид дека е избувлива личност со лош темперамент.
Прочитајте и: Скандали што докажуваат дека Шон Пен е најголемиот „лудак“ во Холивуд
Спирова С. | Црнобело